Старонордиски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Старонордиски
dǫnsk tunga, dansk tunga („дански јазик“), norrœnt mál („нордиски јазик“)
Застапен во Скандинавија, Шкотска, Ирска, Англија, Велс, Ман, Нормандија, Винланд и Волга, како и местата помеѓу нив
Ера кон XIV век се разделил на разни северногермански јазици
Јазично семејство
Писмо рунско, а потоа латиница
Јазични кодови
ISO 639-2 non
ISO 639-3 non

Старонордиски јазиксеверногермански јазик што го говореле жителите на Скандинавија и колонизираните викиншки територии сè до околу 1300 г.

Кон VIII век, пранордискиот јазик се развил во старонордиски, а пак овој почнал да се развива во денешните северногермански јазици кон средината до крајот на XIV век. Во пишан облик, старонордискиот се задржал подлабоко во XV век.[1]

Јазикот се делел на три наречја: источно, западно и гутниско. Западното и источното образувале дијалектен континуум, без остри географски граници помеѓу нив и со значајни мешања на говорите на разни територии.

Исландскиот „Гускин законик“ (Grágás) од XII век вели дека Швеѓаните, Норвежаните, Исланѓаните и Данците говорат еден ист „дански јазик“ (dǫnsk tunga).[2] Западното наречје се нарекувало „нордиски говор“ (norrœnt mál). Од овој јазик се произлезени денешните северногермански јазици (исландскиот, фарскиот, норвешкиот, данскиот и шведскиот), кои се одликуваат со голема мера на заеморазбирливост.

Географска распространетост[уреди]

Приближната распространетост на старонордискиот јазик и нему сродните јазици во раниот X век:
   Западно наречје
   Источно наречје
   Ггутниско наречје
   Други германски јазици, барем делумно сродни на нордиските

Староисландскиот е во суштина истоветен со старонорвешкиот, заедно образувајќи го западното наречје што се говорел и во викиншките населби во Ирска, Шкотска, островот Ман и во норвешките населби во Нормандија.[3] Источното наречје било застапено во Данска, Шведска и во населбите во Русија,[4] Англија и данските населби во Нормандија. Гутнискиот се говорел на островот Готланд и во разни населби на исток. Кон XI век, старонордискиот бил најзастапен јазик во Европа, со говорно подрачје од Винланд на запад до реката Волга на исток. Во Русија најдолго се задржал во Новгород (до XIII век).[4] Присуството на јазикот во Финска е спорно, но познато е дека се говорел во шведските населби во XIII век.

Денешни потомци[уреди]

Современите јазици произлезени од старонордискиот се западноскандинавските јазици (исландскиот, фарскиот, норвешкиот и мртвиот јазик норн од Оркниските и Шетландските Острови; од источното наречје произлегле источноскандинавските јазици (данскиот и шведскиот). Норвешкиот е произлезен од западното наречје, но со текот на вековите претрпел големи измени под влијание на источното наречје, особено за време на сојузот Данска–Норвешка.

Од сите нив, во последните илјада години најмалку измени претрпеле исландскиот и фарскиот. Вон сопственото јазично подрачје, старонордискиот извршил влијание и врз англиските дијалекти и низинскиот шкотски, кој содржи многу заемки од старонордискиот. Старонордиски влијанија се среќаваат и во нормандскиот јазик. Исланѓаните можат да читаат и разбираат старонордиски, но изговорот е исто толку изменет како кај другите северногермански јазици.

Старонордиски примеси се забележуваат и кај другите помалку сродни (или несродни) јазици, особено под влијание на нормандските говорим како кај шкотскиот и ирскиот гелски. Рускиот, финскиот и естонскиот имаат низа нордиски заемки: самите поими „Рус“ и „Русија“ потекнуваат од нордиското племе Рус (на фински и естонски, Шведска се нарекува Ruotsi односно Rootsi).

Фонологија[уреди]

Самогласки[уреди]

Самогласките се претежно присутни во парови „кратка-долга“. Според стандардниот правопис, долгите се означени со остар акцент. Во средновековните ракописи, долгите самогласки почесто се неозначени, но има и такви означени со акцент или удвојување.

Јазикот имал назализирани варијанти на сите девет самогласни места.[V 1] Се јавувале како алофони на истите пред носни гласови и на местата каде порано постоел носен глас во постар облик на зборот, пред да припои кон соседниот глас. Ако носниот глас се припојува во нагласена самогласка, ова воедно ја прави долга. Носните и усните самогласки се споиле веројатно во XI век во источното наречје.[5]:3 Меѓутоа, оваа разлика важи и денес во дијалектот на Даларна.[5]:4 Усните и носните фонеми на табелата се одделени со точки.

Општ самогласен систем (IX-XII век)
  Предни самогласки Задни самогласки
Незаоблени Заоблени Незаоблени Заоблени
Високи iĩ ĩː y ỹː     uũ ũː
Средни e ẽː øø̃ øːø̃ː     oõ õː
Ниски/Полуниски ɛɛ̃ ɛːɛ̃ː œœ̃   aã ãː ɔɔ̃ ɔːɔ̃ː

Напомена: Ниските/полуниски самогласки може да се означат и поинаку:

  • /æ/ = /ɛ/
  • /ɒ/ = /ɔ/
  • /ɑ/ = /a/

Некаде околу XIII век, Ǫ (/ɔ/) се споило со Ø или O во сите говори освен староданскиот. Во исландскиот, сите Ǫ се споиле со Ø. Кај староисландскиот, спојувањата се Œ > Æ и Ę > E.

Општ самогласен систем (XIII-XIV век)
  Предни самогласки Задни самогласки
Незаоблени Заоблени Незаоблени Заоблени
Високи i y     u
Средни e ø øː     o
Ниски/Полуниски ɛ ɛː     a    

Согласки[уреди]

Старонордискиот имал шест избувни фонеми. Од нив, /p/ ретко се среќава на почетокот на зборот, а /d/ и /b/ не се јавуваат помеѓу самогласки освен во сложенки (на пр. veðrabati), бидејќи струјните алофони на прагерманскиот јазик (на пр. *b *[β] > [v] помеѓу самогласки). Фонемата /ɡ/ се остварува како [ɡ] по n или друго g, а како [k] пред /s/ и /t/ (едначење по звучност). Според некои, во внатрешноста на зборовите гласот се остварува како звучната заднонепчена струјна согласка [ɣ], а според други станува таков помеѓу самогласки (а инаку е [ɡ]).[6][7] Гласот /ʀ/ од источното наречје бил врвнојазична согласка чија положба не се знае точно, бидејќи е реконструиран како преднонепчена шушкава согласка[5]:2. Води потекло од прагерманското /z/, за најпосле да се развие во /r/, каков што веќе бил во западното старонордиско наречје.

  Уснени Забни Венечни Задно-
венечни
Предно-
непчени
Задно-
непчени
Уснено-
заднонеп.
Гласилни
Избувни p b t d k ɡ
Носни m n (ŋ)
Струјни f (v) θ (ð) s (ɣ) h
Трепетни r
Приближни ʀ j w
Странична прибл. l

Акцентот паѓа на основата на зборот.

Граматика[уреди]

Старонордискиот бил умерено збороизменителен јазик со висок степен на измена кај именките и глаголите. Највеќето врзани морфеми се задржани во современиот исландски, особено во однос на падежите кај именките, додека пак денешниот норвешки има поаналитичка структура.

Род[уреди]

Старонордискиот имал три рода – машки, женски и среден. Како и во македонскиот, придавките и заменките одговарале на родот на дадената именка (на пр. „heill maðr!“ но, „heilt barn!“)

Сите зборови од среден род биле истоветни во номинатив и акузатив,[8] и сите зборови од женски род множина биле истоветни во номинатив и акузатив.[9]


Морфологија[уреди]

Именките, придавките и заменките имале четири падежиноминатив, акузатив, генитив и датив во еднина и множина. Придавките и заменките воедно се менувале според трите рода. Некои заменки (прво и второ лице) имале и двоина. Генитивот се користел партитивно и честопати во сложенките и кенинзите, како во „Урдов бунар“ (Urðarbrunnr) и „Препирката на Локи“ (Lokasenna).

Секој род има неколку класи на именки. Следи пример за „силни“ парадигми:


Силна машка именка armr („рака“)
Падеж Еднина Множина
Номинатив armr armar
Акузатив arm arma
Генитив arms arma
Датив armi ǫrmum/armum
Женска именка hǫll/hall („аула“)
Падеж Еднина Множина
Номинатив hǫll/hall hallir/hallar
Акузатив hǫll/hall hallir/hallar
Генитив hallar halla
Датив hǫllu/hallu hǫllum/hallum
Среднородна именка troll („трол“):
Падеж Еднина Множина
Номинатив troll troll
Акузатив troll troll
Генитив trolls trolla
Датив trolli trollum


Покрај овие примери, постоеле повеќе „слаби“ парадигми, што се одликувале со многу повисок степен на синкретизам помеѓу случаите, т.е. немале толкав број разни облици како „силните“.

Членот се ставал како наставка, исто како во македонскиот. Така, имаме: troll („трол“) – trollit („тролот“), hǫll („аула“) – hǫllin („аулата“), armr („рака“) – armrinn („раката“). Во прво време членот бил посебен, а станал дел од зборот дури во подоцнежниот период на јазикот (повторно, исто како во македонскиот).

Пишани дела[уреди]

Најраните писмени наоди од старонордискиот јазик се врежаните руни од VIII век. Руните продолжиле да се користат сè до XV век (а во некои делови на Шведска дури до XIX век). Со христијанизацијата во XI век, воведена е латиницата. Најстариот латиничен текст датира од средината на XII век. Подоцна во јазикот се развило големо и разновидно книжевно творештво, единствено од тој вид во Европа. Најголемиот дел од зачуваните дела се напишани во Исланд. Најпознати од нив се нордиските саги, исландските саги и митолошкото народно творештво, но постои и значаен корпис од верска литература, преводи на дворски романси, класична митологија и Стариот Завет, како и учебни материјали, граматички расправи и голем број на писма и службени документи.[10]

Однос со денешните скандинавски јазици[уреди]

Развој на старонордиските самогласки во современите скандинавски облици
Прагерманско
потекло
Простонароден
старонордиски
Старо-
исландски
Современ
исландски
Современ
фарски
Современ
шведски
Пример
a a ⟨a⟩ a a(ː) a/ɛaː a/ɑː ⟨a⟩ Ic land /lant/?, Fa land /lant/ „земја“; dagur Ic /daɣʏr/, Fa /tɛaːvʊɹ/ „ден“
æː aː ⟨á⟩ au(ː) ɔ/ɔaː ɔ?/oː ⟨å⟩ láta Ic [lauːta], Fa [lɔɑːʰta] „пушта“
aː (+i-mut) ɛː ⟨æ⟩ ɛː ai(ː) a/ɛaː ɛ/ɛː ⟨ä⟩ mæla Ic [maiːla], Fa [mɛaːla] „зборува“
a (+i-mut) ɛ ⟨ę⟩ e ⟨e⟩ ɛ(ː) ɛ/eː menn Ic/Fa [mɛnː] „мажи“
e e ⟨e⟩
eː ⟨é⟩ jɛ(ː) a/ɛaː ⟨æ⟩
i i ⟨i⟩ i ɪ(ː) ɪ/iː ɪ/iː ⟨i⟩ Ic kinn [cɪnː] Fa kinn [t͡ʃʰɪnː] „брада“
iː ⟨í⟩ i(ː) ʊɪ(ː)
a (+u/w-mut) ɔ ⟨ǫ⟩ ɔ ø > œ(ː) ⟨ö⟩ œ/øː ⟨ø⟩
aː (+u-mut) ɔː ⟨ǫ́⟩ ɔː aː > au(ː) ⟨á⟩ ɔ/ɔaː ⟨á⟩ Fa nátt [nɔʰtː], [tʰɔɑː]
u (+a-mut) o ⟨o⟩ o ɔ(ː) ɔ/oː
oː ⟨ó⟩ ou(ː) œ/ɔuː ʊ/u: ⟨o⟩ bók Ic /bouk/, Fa [pɔuk], Sw bok /buːk/ „книга“
u u ⟨u⟩ u ʏ(ː) ʊ/uː ɵ/ʉː? ⟨u⟩
uː ⟨ú⟩ u(ː) ʏ/ʉuː hús Ic /huːs/, Fa [hʉuːs] „куќа“
a (+i-mut +w-mut) œ ⟨ø₂⟩ ø ø > œ(ː) ⟨ö⟩ œ/øː ⟨ø⟩
e (+u/w-mut) ø ⟨ø₁⟩
oː (+i-mut) øː ⟨œ⟩ øː ɛː > ai(ː) ⟨æ⟩
u (+i-mut), i (+w-mut) y ⟨y⟩ y ɪ(ː) ɪ/iː ʏ/y:? ⟨y⟩
uː (+i-mut) yː ⟨ý⟩ i(ː) ʊɪ(ː)
au au ⟨au⟩ au øɪ(ː) ɛ/ɛɪː ⟨ey⟩ ɔ/ø: ⟨o⟩/⟨ö⟩ Ic tvau /tvøɪː/, Fa tvey /tvɛɪː/ „два“
ai ɛi ⟨ei⟩ ɛi ei(ː) aɪ(ː)  ?/e: ⟨e⟩
ai (+w-mut), au (+i-mut) øy ⟨ey⟩ øy[11] ei(ː) ɔɪ(ː) ⟨oy⟩

Поврзано[уреди]

Белешки[уреди]

  1. Torp, Arne, Lars S. Vikør (1993)
  2. или dansk tunga според источното наречје
  3. A. J. Johnson Company, Johnson's universal cyclopedia: a new edition, стр. 336, 337, 338; 1895 D. Appleton and company & A. J. Johnson company
  4. 4,0 4,1 Article Nordiska språk, section Historia, subsection Omkring 800–1100, во Nationalencyklopedin (1994).
  5. 5,0 5,1 5,2 The Nordic Languages; 202. The typological development of the Nordic languages I: Phonology. 1. Proto-Nordic: 1853. 2. Common Nordic: 1855. 3. Old East Nordic: 1856, 1859. 4. Old West Nordic: 1859
  6. Orrin W. Robinson, Old English and Its Closest Relatives, pg. 83
  7. Henry Sweet, An Icelandic Primer (1895) стр. 5
  8. Старонордиски за почетници: Граматички прирачник: Именки од среден род (англиски)
  9. Старонордиски за почетници: Граматички прирачник - Именки од женски род (англиски)
  10. Погл. на пр. O'Donoghue 22–102.
  11. M. Schulte. "Phonological developments from Old Nordic to Early Modern Nordic I: West Scandinavian." The Nordic languages vol. 2 стр. 1081-1096. Monophthongization: стр. 1082; /øy/: стр. 1082; Reduced vowels: стр. 1085

Cleasby-Vigfússon:

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]



Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Старонордиски јазик“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).