Затворена предна заоблена самогласка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Затворена предна заоблена самогласка
y
МФА-бр. 309
Шифрирање
Единица (дек.) y
Уникод (хекс.) U+0079
X-SAMPA y
Киршенбаум y

 

Затворената предна заоблена самогласка (или висока предна заоблена самогласка) е вид на самогласен глас во некои јазици. Симболот во меѓународната фонетска азбука (МФА) му е ⟨y⟩, а во X-SAMPA гласот се бележи со y. Во многу јазици самогласката се пишува како ⟨ü⟩ (на пр. германски, турски) или ⟨y⟩, но и како ⟨u⟩ (француски и некои други романски јазици); ⟨iu⟩/⟨yu⟩ (во романизацијата на разни азиски јазици); ⟨ű⟩ (во унгарскиот за долгата варијанта; кратката е ⟨ü⟩ како и во другите азбуки); ⟨уь⟩ (во кириличните азбуки како чеченската); или со ⟨ㅟ⟩ (во корејското писмо хангул).

Кај највеќето јазици, оваа заоблена самогласка се изговара со стиснати усни („надворешнонуснено“ или „егзолабилајно“). Меѓутоа, постојат неколку случаи каде усните се издадени („внатреуснено“ или „ендолабијално“).

Предавање на македонски[уреди]

На македонски, гласот се предава со буквата „и“ (на пр. герм. München = Минхен; фр. Gustave = Гистав).[1]

Затворена предна стисната самогласка[уреди]

Особености[уреди]

Табела на самогласки по МФА
Предни Речиси​предни Средни Речиси​задни Задни
Затворени
Blank vowel trapezoid.svg
iy
ɨʉ
ɯu
ɪʏ
ʊ
eø
ɘɵ
ɤo
ɛœ
ɜɞ
ʌɔ
æ
aɶ
ä
ɑɒ
Речиси затворени
Полузатворени
Средни
Полуотворени
Речиси отворени
Отворени
Самогласките во парови се: незаоблена • заоблена

Помош за МФА • легенда • табела • Loudspeaker.svg табела со звуци • погл.
  • Според висината, самогласката е затворена (висока), што значи дека јазикот се става што е можно поблиску до горниот ѕид на устата без да направи препрека што би ја окарактеризирала како согласка.
  • Според местото на образување (редот), самогласката е предна, што значи дека јазикот се става што е можно понапред во устата без да направи препрека што би ја окарактеризирала како согласка.
  • Според обликот на усните, самогласката е стисната, што значи дека рабовите на усните се затегнати и споени на начин што не ги исложува нивните внатрешни страни.

Јазици[уреди]

Јазик Збор МФА Значење Белешки
азерски güllə [ɟylˈlæ] 'куршум'
албански dy [dy] 'два'
англиски Шкотска food [fyd] 'храна' Некои дијалекти. Соодветствува на /u/ (или [ʉ]) во други дијалекти
ЈАР[2] [fyːd] Некои помлади говорници (особено женски). Останатите го изговараат поцентрално, како [ʉː].
африканс uur [yr] 'час'
баскиски сулски hirü [hiɾy] 'три'
бретонски tud [tyːd] 'луѓе'
германски стандарден[3] über [ˈÿːbɐ]  'над' Централизирана.
корнски tus [tyːz] 'луѓе' Соодветствува на /iː/ кај „подоцниот“ дијалект.
дански yde [ˈyːð̞ə] 'добавува'
естонски üks [yks] 'one'
кинески кантонски syu1 [syː˥] 'книга'
мандарински 绿 lǜ [ly˥˩] 'зелено'
ву gniu [ɲy˩˧] 'мек'
каталонски северно but [byt] 'цел' Се среќава во заемки од окситанскиот и францускиот.
корејски wi [y] 'врв' Може да се дифтонгира како [wi] кај помладите говорници.
ломбардски düü [dyː] 'two'
монголски[4] түймэр tüimer [tʰyːmɘɾɘ̆] 'степски пожар'
окситански гасконски lua [ˈlyo̞] 'месечина'
лангдочки luna [ˈlyno̞]
провансалски
португалски[5] бразилски déjà vu [de̞ʒɐ ˈvy] 'дежа ви' Се среќава во заемки од францускиот и германскиот . Говорниците што немале контакт со целниот јазик овој глас го изговараат како [u] ако е ненагласен или [i] ако е нагласен.
севернофризиски hüüs [hyːs] 'hoarse'
турски[6] güneş [ɟÿˈneʃ] 'сонце' Централизирана.
унгарски[7] tű [tÿː] 'шпенадла' Централизирана.
фински[8] yksi [ˈyksi] 'еден'
француски[9] chute [ʃyt]  'пад'
холандски белгиски[10] fuut [fÿt]  'нуркач' Централизирана; соодветствува на [ʉ̞] во Холандија.
чеченски уьш / üş [yʃ] 'тие'
чувашки ÿс / üs [ys] 'расте'
шкотски buit [byt] 'чизма'

Затворена предна издадена самогласка[уреди]

Затворена предна издадена самогласка

 

Неколку јазици, како скандинавските, имаат издадени предни самогласки. Од нив, шведскиот дури и прави разлика помеѓу двата вида на заоблување кај предните самогласки (see речиси затворена речиси предна заоблена самогласка.

МФА нема надредни знаци за разликување на издадено од стиснато заоблување, па затоа тука издадените предни самогласки се произволно обележани со стариот знак за лабијализација ⟨  ̫⟩. Друго можно претставување е со ⟨⟩ или ⟨⟩ (затворена предна самогласка изменета со ендолабијализација), но ова може погрешно да се сфати како дифтонг.

Особености[уреди]

  • Според висината, самогласката е речиси затворена (речиси висока), што значи дека јазикот се става како за затворена согласка, но е нешто помалку напрегнат.
  • Според местото на образување (редот), самогласката е речиси предна, што значи дека јазикот се става како за предна самогласка, но малку поназад во устата.
  • Според обликот на усните, самогласката е истакната, што значи дека усните се насобрани, изложувајќи ги нивната внатрешни страни.

Јазици[уреди]

Јазик Збор МФА Значење
норвешки syd [sy̫ːd] 'југ'
шведски yla [y̫ː(ɥ)la]  'завива'

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Библиографија[уреди]

  • Fougeron, Cecile; Smith, Caroline L (1993), „Illustrations of the IPA:French“, „Journal of the International Phonetic Association“ 23 (2): 73–76, doi:10.1017/S0025100300004874 
  • Iivonen, Antti; Harnud, Huhe (2005), „Acoustical comparison of the monophthong systems in Finnish, Mongolian and Udmurt“, „Journal of the International Phonetic Association“ 35 (1): 59–71, doi:10.1017/S002510030500191X 
  • Lass et al (2002), „Language in South Africa“, ISBN 9780521791052 
  • Mangold, Max (2005), „Das Aussprachewörterbuch“, Duden, стр. 37, ISBN 9783411040667 
  • Szende, Tamás (1994), „Illustrations of the IPA:Hungarian“, „Journal of the International Phonetic Alphabet“ 24 (2): 91–94, doi:10.1017/S0025100300005090 
  • Verhoeven, Jo (2005), „Belgian Standard Dutch“, „Journal of the International Phonetic Association“ 35 (2): 245, doi:10.1017/S0025100305002173 
  • Zimmer, Karl; Orgun, Orhan (1999), „Turkish“, „Handbook of the International Phonetic Association: A guide to the use of the International Phonetic Alphabet“, Cambridge: Cambridge University Press, стр. 154–158, ISBN 0-521-65236-7