Средна самогласка
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Табела на самогласки по МФА | |||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||
| Самогласките во парови се: незаоблена • заоблена | |||||||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
Помош за МФА • легенда • табела • |
|||||||||||||||||||
Средна самогласка е вид на самогласен глас во извесни јазици. Карактеристично за средната самогласка е тоа што јазикот се става на половината (средината) помеѓу положбата на отворената и затворената самогласка. Единствената средна самогласка со свој симбол во Меѓународната фонетска азбука (МФА) е средната самогласка од среден ред [ə], чиј симбол се користи и за гласот наречен „шва“.
Оваа самогласка е присутна во македонскиот јазик како „темен глас“ во некои дијалекти и неколку изолирани примери, каде се означува со апостроф (’).[1]
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ Кепески, Круме (1990). „Граматика на македонскиот литературен јазик“ (X издание). Скопје: Просветно Дело. стр. 61.