Морфема

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Морфемите се дефинираат како најмали делови од зборот на кои може да се расчлени еден збор, при што основниот дел треба да биде најчесто еднаков на основната содржина на зборот (пр. дол, нос, раб, прст), односно морфемата е најмал значенски дел од зборот.

Во македонскиот јазик морфемите се делат на

  • коренски морфеми кои претставуваат јадро на зборот и го носат неговото основно значење
  • додадени (афиксни) морфеми, кои што се неполнозначни и службени.

Афиксните морфеми според местото, во однос на коренската морфема, можат да бидат:

  • претставки (префикси)
  • наставки (суфикси)

Претставката стои пред коренот, или ѝ претходи на друга претставка, а наставката стои зад коренот или зад друга наставка. Наставките можат да бидат зборообразувачки и формообразувачки, во зависност од тоа дали додадената морфема е носител на лексичкото значење или на граматичката категорија на зборот.

  • зборообразувачките наставки го менуваат лексичкото значење на зборот.

пр. Од коренската морфема стол може да се изведат: столар, столови, стола, столарство итн. со додавање на зборообразувачки наставки се добиваат зборови со различно значење.

  • формообразувачките наставки ја менуваат граматичката категорија на зборот.

пр. (определеност) стол-столот; (број) стол-столови; (род) стол-столица-столче