Лапонија (Финска)
| Лапонија Lapin maakunta Lapplands landskap |
|||
|---|---|---|---|
| — Регион — | |||
|
|||
| Координати: 67°N 26°E / 67°N 026°EКоординати: 67°N 26°E / 67°N 026°E | |||
| Земја | Финска | ||
| Админ. центар | Рованиеми | ||
| Површина | |||
| - Вкупна | 98.984 km2 (38.217,9 sq mi) | ||
| Население (2009) | |||
| - Вкупно | 184.000 | ||
| - Густина | 1,9/km2 (4,8/sq mi) | ||
| Часовен појас | EET (UTC+2) | ||
| - Лете (DST) | EEST (UTC+3) | ||
| ISO 3166-код | LL | ||
| NUTS | |||
| Мреж. место | lapinliitto.fi | ||
Лапонија или Лаппанд (фински и севернолапонски: Lappi, шведски Lappland) е најголемиот и најсеверниот регион во Финска. Општините во него се здружени во регионален совет. Се граничи со Северна Остроботнија на југ, Ботнискиот Залив, окрузите Норботен (Шведска), Финмарк и Тромс (Норвешка) како и со Мурманската област во Русија.
Содржина |
[уреди] Историски покраини
Лапонија е одделена од Оулу во 1936. По Втората Светска војна, областите Пецамо (Печеншки реон) и Сала му припаднале на Советскиот Сојуз. Според монархистичкиот устав во првата половина на 1918 г, Лапонија требала да стане големо кнежевство, како дел од наследството на предложениот крал на Финска, но ова не се остварило.
Лапонија била една од покраините во Финска, сè до нивното распуштање на 1 јануари 2010.[1]
[уреди] Население
Во Лапонија живее околу 3,6% од населението на Финска. Регионот е во голема мера најретко населено подрачје во земјата. Најголеми градови се Рованиеми (админ. центар), Кеми и Торнио. Во 2009 населението броело 183.748 жители, од кои 179.070 како мајчин го говореле фински, 1.473 лапонски, 338 шведски и 2.867 говореле друг јазик.[2] Од лапонските јазици, во регионот се застапени севернолапонскиот, инари-лапонскиот и сколтскиот лапонски јазик.
[уреди] Управа
Покраинската служба е овластена од неколку државни министерства. Има за цел да ги застапува државните и регионални цели и замисли на централната администрација.
[уреди] Регионален совет
Општините во Лапонија се организирани во еден регион, каде раководството се одвива во заеднички регионален совет наречен Лаплански регионален совет (Lapin liitto или Lapplands förbund).
[уреди] Лапонска роднокрајна област
Лапонците (Сами) се најбројни во најсеверните општини во Лапонија, па затоа тие општини ја образуваат Лапонската роднокрајна област (севлап. Sámiid ruovttuguovllu). Овој начин на организација на Лапонците е напореден на регионалното устројство на земјата.
[уреди] Општини
- Енонтекио
- Илиторнио
- Инари
- Кеми
- Кемијарви
- Кеминма
- Китила
- Колари
- Муонио
- Пелкосениеми
- Пело
- Посио
- Рануа
- Рованиеми
- Савукоски
- Сала
- Симо
- Соданкила
- Тервола
- Торнио
- Утсјоки
[уреди] Белешки
- ↑ „Со новиот регионален управен модел во 2010 се укинуваат покраините“. „Helsingin Sanomat International Edition“. Sanoma. 31 декември 2009. http://www.hs.fi/english/article/New+regional+administration+model+abolishes+provinces+in+2010/1135251815296. проверено на 1 јануари 2010. (англиски)
- ↑ Статистички бази - Статистички центар на Финска (фински)
[уреди] Поврзано
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Лапонија (Финска)“ |
- Регионален совет на Лапланд
- Лапонија - Финска – официјален туристички портал
- Финска Лапонија на Wikitravel (англиски)
|
||||||||||

