Јужна Данска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Регион Јужна Данска
—  Региони во Данска  —
Службено лого на Регион Јужна Данска
Лого
Најголем град Оденсе
Главен Вајле
Околии
Управа
 • претседател Карл Холст
Површина
 • Вкупна 12.191 км2
Население (2008)
 • Вкупно 1.194.659 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Портал www.regionsyddanmark.dk
Вајле, главен град на регионот
Општини во рамките на регионот

Јужна Данска или Јужен Јитланд е еден од 5-те региони на Данска, сместена е во јужниот дел на државата. Управното седиште на регионот се наоѓа во градот Вајле, додека најголем град е градот Оденсе.

Положба и граници на регионот[уреди]

Јужна Данска ги опфаќа јужниот и југозападниот дел на Данска и истовремено со значаен дел се простира и на копно и на острови. Тоа е и единствен дански регион кој има излез и на копнена државна граница (јужната граница на регионот, со Германија). Граници на округот се:

Природни услови[уреди]

Регионот Јужна Данска со западниот дел се наоѓа на копно, т.е. на полуостровот Јитланд, додека со источниот дел се простира на повеќе острови. Најголем остров е островот Фин, втор остров по големина во Данска. Значајни се и островите Лангеланд, Алс и Ере, кои сите се на источниот брег, во рамките на Балтичко Море. Западниот брег (Северно Море) исто така е разгранет, но островите се значително помали. Тука се островите Реме, Манде и Фане. И копнениот и островскиот дел се претежно рамничарски, а надморската височина е до 80м (север на регионот). На даденото подрачје нема значајни водотеци. Во крајбрежното подрачје има доста мочуришта, додека поголем дел е под земјоделско одгледување.

Население[уреди]

Според последниот попис на населението од 2010 година, во регионот Јужна Данска живеат 1,2 милиони жители. Поголемиот дел од населението се етнички Данци, а населението е повеќе рурално, за разлика од државниот просек.

Густина на населеност е близу 100 жит/км², што е доста помала бојка од државниот просек (127 жит/км²). Островот Фин и источниот дел на копното е нешто подобро населен отколку западниот дел и помалите острови.

Општини во Јужна Данска[уреди]

Во Јужна Данска има 22 општини, и тоа:

Градови во Јужна Данска[уреди]

Значајни градови во регионот Јужна Данска, се:

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]