Тичино

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Cantone Ticino
—  Кантон во Швајцарија  —

Грб
Map of Switzerland, location of Тичино highlighted
Координати: 46°19′ СГШ 8°49′ ИГД / 
Главен град Белинцона
Најголем град Лугано
Поделба 157 општини, 8 окрузи
Управа
 • Извршна Совет на Тичино (5)
 • Законодавна Голем совет на Тичино (90)
Население (Грешка: погрешен формат за време)[1]
 • Вкупно 336,943 жит.
Највисока точка 3.402 m (11,161 ft) - Адула
Најниска точка 195 m (640 ft) - Маџоре
Приклучување кон Конфедерацијата 1803
Кратенки TI
Јазици италијански
Портал TI.ch

Тичино (италијански: Ticino) е еден од кантоните во Швајцарија. Тичино е најјужниот кантон во федерацијата и единствен кантон каде само италијанскиот е службен јазик. Името на кантонот потекнува од реката Тичино. Тични со граничи со Ури на север, Вале на запад, Граубинден на североисток и со Италија на југ. Во самиот кантон се наоѓа италијанската ексклава Кампионе д’Италиа. Тичино, заедно со делови од Граунинден, ја сочинуваат т.н. Италијанска Швајцарија.

Географија[уреди]

Тичино се наоѓа во јужниот дел на Швајцарија и е опколен од Италија од исток, запад и југ. На север се наоѓаат швајцарските кантони Вале, Ури и Гаубинден. Тичино има вкупна површина од 2.812 километри квадратни, од кои 3 четвртини се сметаат за продуктивни.[2] Со шума е зафатена третина од територијата на кантонот. Во кантонот се наоѓаат езерата Маџоре и Лугано. Најголема река во кантонот е реката Тичино.

Административна поделба[уреди]

Окрузи во Тичино.

Окрузи[уреди]

Кантонот Тичино е поделен на 8 окрузи:

Општини[уреди]

Кантонот е составен од 157 општини, според состојбата до 2010 година. Општините се групирани во подокрузи, а подокузите во окрузи.

Демографија[уреди]

Вкупното население на кантонот, според податоците за 2010 година, е 333.753 жители. Според податоците од 2007 година, во кантонот имало 82.794 странци или 25.2% од вкупното население[3]. Густината на население на кантонот е 114.6 лица на километар квадратен.[2] Во 2000 година, 83.1% од населението зборувале италијански, 8.3% зборувале германски и 1.7% зборувале српскохрватски.[2] Околу 76% од населението се Католици и 7% Протестанти.[4] Единствен официјален јазик е италијанскиот.

Култура[уреди]

Во кантонот се издаваат четири дневни весници на италијански јазик: Corriere del Ticino, laRegione Ticino, Giornale del Popolo и Il Grigione Italiano.[5]

Наводи[уреди]

  1. Сојузна статистичка служба на Швајцарија — STAT-TAB Ständige und Nichtständige Wohnbevölkerung nach Region, Geschlecht, Nationalität und Alter (германски)
  2. 2,0 2,1 2,2 Federal Department of Statistics (2008). „Regional Statistics for Ticino“. http://www.bfs.admin.ch/bfs/portal/de/index/regionen/regionalportraets/tessin/blank/kennzahlen.html. конс. 23 ноември 2008. 
  3. Federal Department of Statistics (2008). „Ständige Wohnbevölkerung nach Staatsangehörigkeit, Geschlecht und Kantonen“ (Microsoft Excel). http://www.bfs.admin.ch/bfs/portal/de/index/themen/01/02/blank/key/raeumliche_verteilung/kantone__gemeinden.html. конс. 5 ноември 2008. 
  4. Federal Department of Statistics (2004). „Wohnbevölkerung nach Religion“ (Interactive Map). http://www.bfs.admin.ch/bfs/portal/de/index/themen/01/05/blank/key/religionen.html. конс. 15 јануари 2009. 
  5. „Il Grigione Italiano“. Ilgrigioneitaliano.ch. 26 јуни 2010. http://www.ilgrigioneitaliano.ch/index.php?id=3. конс. 28 јануари 2012. 

Користена литература[уреди]

  • Marcello Sorce Keller,“Canton Ticino: una identità musicale?”, Cenobio, LII(2003), April–June, pp. 171–184; also later published in Bulletin – Schweizerische Gesellschaft für Musikethnologie und Gesellschaft für die Volksmusik in der Schweiz, October 2005, pp. 30–37.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]