Проток

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Теснец)
Босфор — познат проток во Истанбул што го двои европското од азиското копно

Проток (теснец[1] или мореуз[2]) — тесна водна површина која поврзува две поголеми водни површини. Честопати се однесува на воден премин сместен помеѓу две копнени маси.

Терминологија[уреди | уреди извор]

Поимите „канал“ или „премин“ можат да бидат синонимни со „проток“, иако можат да се разликуваат по други основи. Во Шкотска, протокот често се нарекува „ферт“ (firth) или „кајл“ (kyle). Поимот теснц може да се однесува и на ракав од морето кој навлегува во копното[1], што кај германските јазици се среќава како sound или sund.

Многу протоци имаат стопанско значење како морски минувалишта и поради тоа, во историјата биле повод за многу војни.

Во светот има разни вештачки канали ископани за да поврзат две водни површини, од кои попознат пример е Суецкиот Канал. Иако реката и каналот исто така можат да бидат премин помеѓу две водни површини, тие не се карекуваат протоци. Протокот е обично доста поголем и подразбира морска околина. Постојат неколку исклучоци од ова правило, каде класичен проток се нарекува канал.

Споредба[уреди | уреди извор]

Протокот е обратен поим од провлакот. Првиот е сметен меѓу две две копнени маси и поврзува две водени површини, додека пак провлакот е сместен меѓу две водни површини, а поврзува две поголеми копнени маси.

Некои протоци имаат потенцијал за добивање на значајни количества на приливна енергија со турбини на приливно-одливни потоци. Пентландскиот Ферт има потенцијал да даде 10 GW струја.[3] Куковиот Проток во Нов Зеланд потенцијално дава 5,6 GW[4] иако вкупната расположлива енергија во текот изнесува 15 GW[5].

Во меѓународното право[уреди | уреди извор]

Сателитска симка на Ормускиот Проток, кој има посебна шема за раздвојување на сообраќајот

Во меѓународниот бродски сообраќај се сметаат за премини преку територијални води при преод од еден дел од отворено море или исклучива економска зона со друга исклучива економска зона, и затоа подлежат на законите и уредбите за транзитен премин (такви примери се Гибралтарскиот, Доверскиот и Ормускиот Проток). Режимот на нештетен премин важи за протоците кои се користат во меѓународниот бродски превоз (1) што поврзува дела од отвореното море или исклучива економска зона со територијални води на некоја земја (како што се Тиранскиот Проток, Хуан де Фука и Балтијскиот Проток) и (2) кај протоци образувани од остров на држава кој се граничи со протокот и копното, ако постои пат од другата страна на островот по отворено море или исклучивата економска зона со слична погодност во однос на пловните и хидрографските особености (на пр. Месински Проток, Пентландски Ферт). Кај ваквите протоци не може да се спречи нештетниот премин.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „теснец“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „мореуз“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. "Marine Briefing" (декември 2006) Scottish Renewables Forum. Glasgow.
  4. "The Energetics of Large Tidal Turbine Arrays, Ross Vennell, 2012, preprint submitted to Royal Society, 2011."
  5. "Estimating the power potential of tidal currents and the impact of power extraction on flow speeds. Ross Vennell, 2011" [1]