Чагос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чагос
Изворно име: Chagos

Карта на архипелагот
Географија
Местоположба Индиски Океан
Координати 6°00′ ЈГШ 71°30′ ИГД / 
Поважни острови Диего Гарсија, Перос Бањос, Саломон, Егмнонт
Површина 56,13 км²
Земја
Обединето Кралство
Британски прекумотски територии Британска територија во Индискиот Океан
Монарх Елизабета II
Демографија
Население 3,000 (2012)
Народности
  • 95.88% Британци / Американци
  • 4.12% други

Чагос (англиски: Chagos Archipelago, малдивски: ފޯޅަވަހި, хинди: फेहंद्वीप, тамилски: பேகான தீவுகள்) е архипелаг, или група атоли, кои се наоѓаат во Индискиот Океан. Атолите се наоѓаат на гребенот Чагос-Лакшадвип, подводен планински венец.[1] Атолите заедно сочинуваат над 60 засебни тропски островчиња кои се наоѓаат на околу 500 км јужно од Малдивите.

Островите се познати и како Оилски Острови, а во минатото и како Басас де Чагас.[2] Чагос, заедно со Малдивите и Лакшадвип, создаваат екорегион.[3]

Чагос официјално се дел од Британската Индоокеанска Територија, а врз нив полага право и Маврициус бидејќи овој архипелаг бил одделен од Околните острови на Маврициус пред Маврициус да стане независен. Островите биле дом на Чагошаните за околу век и половина сè додека Британците не ги евакуирале нив во раните 1970-ти за да можат Американците да изградат воена база во Диего Гарсија. Така, островите присилно биле напуштени и од 1971, само најголемиот остров (Диего Гарсија) има постојано население, поточно со воен персонал.

Географија[уреди]

Вкупната површина на островите е 56,13 км², а најголемиот остров Диего Гарсија има 32,5 км². Вкупната површина, заедно со лагуните, е 15.000 км², од кои 12.642 км² се дел од Големиот чагоски насип.


атол/гребен/насип
(друго име)
вид површина (км²) број на
острови
местоположба
земја вкупно
0 неименуван насип потонат насип 3 4°25′ ЈГШ 72°36′ ИГД / 
1 Колвокоресес потонат атол 10 4°54′ ЈГШ 72°37′ ИГД / 
2 Спикерс атол без вегетација 0.001 582 1) 4°55′ ЈГШ 72°20′ ИГД / 
3 Бленхајм (Baixo Predassa) атол без вегетација 0.02 37 4 5°12′ ЈГШ 72°28′ ИГД / 
4 Бенерес подводен гребен 2 5°15′ ЈГШ 71°40′ ИГД / 
5 Перос Бањос атол 9.6 503 32 5°20′ ЈГШ 71°51′ ИГД / 
6 Саломон атол 3.56 36 11 5°22′ ЈГШ 72°13′ ИГД / 
7 Виктори потонат атол 21 5°32′ ЈГШ 72°14′ ИГД / 
8a Нелсонс делови од голем атол
Голем чагоски насип
0.61 12642 1 5°40′53″ ЈГШ 72°18′39″ ИГД / 
8b Три Браќа (Trois Frères) 0.53 3 6°09′ ЈГШ 71°31′ ИГД / 
8c Игл 3.43 2 6°12′ ЈГШ 71°19′ ИГД / 
8d Дејнџер 1.06 1 6°23′00″ ЈГШ 71°14′20″ ИГД / 
9 Egmont Islands атол 4.52 29 7 6°40′ ЈГШ 71°21′ ИГД / 
10 Каувин потонат атол 12 6°46′ ЈГШ 72°22′ ИГД / 
11 Овен потонат насип 4 6°48′ ЈГШ 70°14′ ИГД / 
12 Пит потонат атол 1317 7°04′ ЈГШ 72°31′ ИГД / 
13 Диего Гарсија атол 32.8 174 42) 7°19′ ЈГШ 72°25′ ИГД / 
14 Гангес потонат атол 30 7°23′ ЈГШ 70°58′ ИГД / 
15 Вајт 3 7°25′ ЈГШ 71°31′ ИГД / 
16 Сентурион 25 7°39′ ЈГШ 70°50′ ИГД / 
Чагос архипелаг 56.13 15427 64 04°54' to 07°39'S
70°14' to 72°37' E
1) број мали песочни суви насипи
2) главен остров и три мали островчиња во северниот дел

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Светски фонд за природа (2001). „Maldives-Lakshadweep-Chagos Archipelago tropical moist forests“. „Профил на екорегионот во WildWorld“. Национално географско друштво. архивирано од оригиналот на 8 март 2010. http://web.archive.org/web/20100308064632/http://www.nationalgeographic.com/wildworld/profiles/terrestrial/im/im0125.html. конс. 21 јуни 2012.  (англиски)
  2. „Track of the Calcutta East Indiaman, over the Bassas de Chagas in the Indian Ocean“. Catalogue.nla.gov.au. http://catalogue.nla.gov.au/Record/3665462. конс. 21 јуни 2012. 
  3. „Maldives-Lakshadweep-Chagos Archipelago tropical moist forests“. „Земски екорегиони“. Светски фонд за природа (WWF). http://worldwildlife.org/ecoregions/im0125. конс. 21 јуни 2012.  (англиски)

Надворешни врски[уреди]