Стив Редгрејв

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Сер Стивен Гофри Редгрејв (23 март 1962 во Марелоу) е Британски веслач кој освои 5 златни медали на Олимписките игри од 1984 до 2000, а покрај златните на Летните олимписки игри - 1988 одржани во Сеул освоил и бронзен медал.

Со својот фантастичен подвиг, Редгрејв се смета дека е можеби и најголемиот британски олимпиец досега. Неговите достигнувања ги постагнале и Пал Ковач, Аладар Геревич и Бригит Фишер (Геревич и Фишер освоиле 6 златни медали на 6 различни Летни олимписки игри). Редгрејв исто така освоил 9 златни медали на Светските првенства.

Стив Редгрејв се оженил со Ан Калавеј во 1988. Ан исто така е спортистка во веслае која се натпреварувала во женскиот осмосед на Велика Британија на Летните олимписки игри - 1984 одржани во Лос Анџелес. Таа исто така била и шеф на медицинскиот тим на Велика Британија од 1992 - 2001.

Веслачка кариера[уреди]

Редгрејв е веслач со висина од 1m 95cm и маса од околу 100kg (кога е во полна натпреварувачка форма). Неговата форма била секогаш на врвно ниво, а тоа го покажувал и веслачкиот ергометар. Обично се натпреварувал во дисциплини со помош на секој веслач со едно весло, а најдобри резултати постигнал во двојка и четворка без кормилар, а со тек на време тоа го има сторено со различни партнери што го докажува неговиот квалитет.

Главна карактеристика на тимот на Редгрејв била стабилноста и добрата физичка подготвеност, со која се одликувале и конкурентите. Редгрејв не победувал со леснотија, напротив тој имал многу возбудливи и неизвесни трки до самата целна линија. На првите две победи на Олимписките игри, Редгрејв го освоил златото со предност помала од 2 секунди, но со тек на време неговата фаворизираност растела и тој успеал во најголем број случаи да испадне како победник.

Во 1997 година, во телото на Редгрејв е дијагнозиран дијабетис, па во последните години од својата кариера, тј мораше да внимава на својата исхрана пред настапите, а и во секојдневниот живот.

Олимписки игри[уреди]

Светски првенства[уреди]

  • 1999 - злато, четворка без кормилар (со Џејмс Крекнел, Ед Куд, Метју Пинсент)
  • 1998 - злато, четворка без кормилар (со Џејмс Крекнел, Тим Фостер, Метју Пинсент)
  • 1997 - злато, четворка без кормилар (со Џејмс Крекнел, Тим Фостер, Метју Пинсент)
  • 1995 - злато, двојка без кормилар (со Метју Пинсент)
  • 1994 - злато, двојка без кормилар (со Метју Пинсент)
  • 1993 - злато, двојка без кормилар (со Метју Пинсент)
  • 1991 - злато, двојка без кормилар (со Метју Пинсент)
  • 1990 - бронза, двојка без кормилар (со Метју Пинсент)
  • 1989 - сребро, двојка без кормилар (со Симон Берисфорд)
  • 1987 - злато, двојка без кормилар (со Енди Холмс)
  • 1987 - сребро, двојка со кормилар (со Енди Холмс и Патрик Свини)
  • 1986 - злато, двојка со кормилар (со Енди Холмс и Патрик Свини)
  • 1985 - 12-ти, поединечно весло
  • 1983 - поединечно весло
  • 1982 - 6-ти, четирикратно весло
  • 1981 - 8-ми, четирикратно весло

Јуниорски светски првенства[уреди]

  • 1980 - сребро, двојно весло
  • 1979 - поединечно весло