Минхенски масакар
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Минхенскиот масакар се случил на 5 септември 1972 во Минхен, за време на одржувањето на 20. Летни олимписки игри. Група од 8 Палестинци поврзани со терористичкото движење Црниот септември влегла во Олимпиското село, при што киднапирале 11 израелски спортисти. Во текот на 18-часовната заложничка драма, во неуспешниот обид на германската полиција да ги ослободи заложниците, биле убиени сите заложници и петмина од грабнувачите. Од останатите грабнувачи, уште двајца биле убиени подоцна, веројатно од Мосад, а единствениот преживеан се верува дека е Џамал Ал-Гашеи кој и денес живее скриен на непозната локација. По овој настан, целата израелска олимписка делегација ги напуштила игрите.
Во знак на одмазда, на 10 септември Израел ги нападна Либан и Сирија, предизвикувајќи голем број жртви меѓу цивилите.
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Минхенски масакар“ |
