Мосад
| Институт за разузнавање и специјални операции | |
|---|---|
| מדינת ישראל המוסד למודיעין ולתפקידים מיוחדים الموساد للاستخبارات والمهام الخاصة |
|
| "Таму каде што нема совет, луѓе паѓаат, но во големиот број на советници е безбедност." (Proverbs XI:14) | |
| Податоци за органот | |
| Основан | 13 dekemvri 1949 како Централен институт за координација |
| Седиште | Тел Авив, Израел |
| Кадар | околу 1,200 |
| Раководител | Тамир Пардо, Директор |
| Матичен орган | Канцеларија на премиерот |
| Портал | |
| Мрежно место | |
Мосад (хебрејски: המוסד; арапски: الموساد) или во превод Институт за разузнавање и специјални операции е израелска разузнавачка агенција. Мосад е одговорен за прибирање на доверливи и тајни операции, откривање на тајни акција (вклучувајќи ги и паравоени активности и атентати) како и борба против тероризмот. Мосад е една од најдобро познатите и високо вреднувани агенции за разузнавање. Позната е по својата ефикасност и некои сметаат дека во голема мера придонесува за стабилноста и безбедноста на Израел.
Мосад е формирана во декември 1949 година како "Централен институт за координација", по препорака на Рувен Шилаоха. Шилаоха сакал да создаде централно тело кое ќе го координира и ќе ја напредне соработката меѓу постоечките тајни служби - Воената разузнавачка агенција (Аман), Централната тајна служба (ГСС или "Шабак", позната и под кратенката Шин Бет) и странските служби. Во март 1951 службата била реорганизирана и претворена како дел од кабинетот на премиерот, потчинета директно на него. Сегашниот број на вработените брои околу 1.200 лица.
Оригиналното мото на Мосад: Betahbulot Ta’ase Lekha Milkhama односно “Со мудар сојуз ќе можеш да водиш војна, а во големиот број на советници е безбедноста“, но неодамна го промениле во мотото во: Be-ein Tahbulot Yipol Am; Uteshua Berov Yoetz, односно “Таму каде што нема совет, луѓе паѓаат, но во големиот број на советници е безбедност”.
Седиштето на Мосад се наоѓа во Тел Авив.
Сектори [уреди]
- Одделот за собирање на информации е најголемиот и е одговорен за шпионските операции.
- Оддел за политички акции и врски реализира политички активности и одржува пријателски контакти со странските разузнавачки служби и со земјите со кои Израел нема нормални дипломатски односи.
- Оддел за специјални операции врши атентат, саботажи и паравоени проекти.
- ЛАП оддел е одговорен за психолошка војна, пропаганда и измами.
- Одделот за истражување е одговорен за известување.
- Одделот за технологија е одговорен за развој на технологијата и за поддршка на операциите на Мосад.
Во моментот директор на Мосад е Тамир Пардо.
Операции [уреди]
- Откривање и киднапирање на нацистичкиот лидер Адолф Ајхман
- Помош во имиграцијата на етиопските евреи во Израел
- Ликвидација на одговорните во Минхенскиот масакар во 1972 година
- Киднапирање на Мордехај Вануну во Италија
- Добивање на информации за ирачкиот нуклеарен реактор Озирак кој бил уништен по израелскиот напад во 1981 година
- Ликвидација на Абу Џихад.