Израел на Олимписките игри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Израел на Олимписките игри

Знаме на Израел
МОК-код  ISR
НОК Олимписки комитет на Израел
официјално мрежно место (хебрејски) (англиски)
Олимписка историја
Летни олимпијади
1952 • 1956 • 1960 • 1964 • 1968 • 1972 • 1976 • 1980 • 1984 • 1988 • 1992 • 1996 • 2000 • 2004 • 2008
Зимски олимпијади
1994 • 1998 • 2002 • 2006

Израел за првпат се појавил на Олимписките игри во 1952 година, кога на игрите во Хелсинки учествувале 13 спортисти, 11 фудбалери и два велосипедисти.

Израел никогаш не бил домаќин на олимписките игри. Националниот олимписки комитет на Израел е основан во 1933 а признат од страна на МОК во 1952 година.

Од 1952 па понатаму Израел праќал свои спортисти на сите Летните олимписки игри освен во 1980 година кога се придружи на неколку земји кои што ги бојкотираа олимписките игри кои што се одржувале во Москва.

На Зимските олимписки игри Израел прв пат учествовал во 1994 година и од тогаш неговите спортисти земале учество на сите понатамошни одржани зимски олимпијади.

На Летните олимписки игри кои што се одржаа во 1972 во Минхен 11 членови од олимписката селекција во олимпиското село биле убиени во настаните познати како Минхенски масакр извршен од страна на палестинската терористичка организација Црн септември.

Во периодот од 1952 до 2008 година спортистите од Израел освоиле вкупно 7 олимписки медали, од кои еден златен, еден бронзен и пет бронзени медали на Летните олимписки игри. На Зимските олимписки игри, Израел нема сеуште освоено медал

Медали[уреди]

Поврзано: Табела на досега освоени медали на Олимписките игри

Освоени медали на Летните олимписки игри[уреди]

Освоени медали на Израел на Летните олимписки игри Olympic rings with white rims.svg
Место на одржување Злато Злато Сребро Сребро Бронза Бронза Вкупно
1936 Берлин Израел не учествувал
1948 Лондон Израел не учествувал
1952 Хелсинки 0 0 0 0
1956 Мелбурн и Стокхолм 0 0 0 0
1960 Рим 0 0 0 0
1964 Токио 0 0 0 0
1968 Мексико Сити 0 0 0 0
1972 Минхен 0 0 0 0
1976 Монтреал 0 0 0 0
1980 Москва Израел не учествувал
1984 Лос Анџелес 0 0 0 0
1988 Сеул 0 0 0 0
1992 Барселона 0 1 1 2
1996 Атланта 0 0 1 1
2000 Сиднеј 0 0 1 1
2004 Атина 1 0 1 2
2008 Пекинг 0 0 1 1
2012 Лондон
Вкупно 1 1 5 7

Освоени медали на Зимските олимписки игри[уреди]

Освоени медали на Израел на Зимските олимписки игри Olympic rings with white rims.svg
Место на одржување Злато Злато Сребро Сребро Бронза Бронза Вкупно
1936 Гармиш-Партенкирхен Израел не учествувал
1948 Санкт Мориц Израел не учествувал
1952 Осло Израел не учествувал
1956 Кортина д'Ампецо Израел не учествувал
1960 Скво Вали Израел не учествувал
1964 Инсбрук Израел не учествувал
1968 Гренобл Израел не учествувал
1972 Сапоро Израел не учествувал
1976 Инсбрук Израел не учествувал
1980 Лејк Плесид Израел не учествувал
1984 Сараево Израел не учествувал
1988 Калгари Израел не учествувал
1992 Албервил Израел не учествувал
1994 Лилехамер 0 0 0 0
1998 Нагано 0 0 0 0
2002 Солт Лејк Сити 0 0 0 0
2006 Торино 0 0 0 0
2010 Ванкувер
Вкупно 0 0 0 0

Надворешни врски[уреди]