Отомански Алжир

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Eyalet-i Cezayir-i Garb[2][3]
Ајалет[4] во на Отоманската Империја

 

1517–1830

Flag of Отомански Алжир[1]

Знаме

Локација на Отомански Алжир[1]
Ајалетот во 1609 година
Главен град Алжир
Владеење Ајалет на Отоманската Империја
Деј
 -  1517-1518 Орук Барбароса
 -  1818-1830 Хусеин Деј
Историја
 -  Основана 1517
 -  Распадната 1830
Население
 -  1808 3.000.000 

Отомански Алжир претставувал територија на Отоманската Империја. Територијата на денешен Алжир од страна на Османлиите била освоена во 1525 година од страна на Хајредин Барбароса. Во следните векови Алжир станал центар на османлиската власт во Југоисточна Европа и Медитеранот. Земјата била заземена по француската инвазија во 1830 година.

Освојување[уреди]

По 1496 година, Шпанската империја ги зазела бреговите на Северна Африка. Орук Барбароса и Хајредин Барбароса во 1516 година својата база на операции ја преместиле во Алжир и следната година, во 1517 година побарале помош од Отоманската империја. Во 1518 година Орук бил убиен во текот на една битка со шпанските сили. Хајредин го наследил како воен командант на Алжир. Во времето кога во Османлиската империја на власт бил Сулејман I, тој му наредил експедиција на Хајредин Барбароса да ги нападне бреговите на Северна Африка а во замена Барбароса да стане владетел на овие простори односно вазал на Османлиите.

Синот на Барбароса, Хасан Паша бил првиот вазал кој бил директно назначен за управител на Алжир во 1544 година кога неговиот татко се повлечел. Во следните години Алжир станал ваза во војната со Шпанија, како и за османлиските напади во Мароко. Во 1580 година Алжир формално станала дел од Отоманската империја по признавањето на Шпанија. Во следните години во земјата била организирана административната власт каде на чело стоел паша кој имал мандат од три години.

Медитерански пирати[уреди]

И покрај крајот на непријателствата со Шпанија во 1580 година, во следните години следувале голем број на напади врз христијани кои биле заробувани и продавани како робови. Пиратството собирало голем број на приходи за Алжир и империјата. Поради ова во текот на следните векови следувале неколку експедиции од европските сили кои завршувале неуспешно.

Во 1816 година дошло до војна меѓу Алжир и САД познати како Прва берберска војна и Втора берберска војна.

Француска инвазија[уреди]

Француската инвазија на Алжир била голема воена операција предводена од страна на Кралство Франција на чело со Шарл X врз Отомански Алжир во 1830 година.

Како формална причина за француискиот напад било блокирањето на акжирското пристаниште во 1827 година. По три години дошол уште еден инцидент каде еден француски брод бил бомбардиран. Така, инвазијата на Алжир започнала на 5 јули 1830 година со поморски бомбардирања. Французите многу бргу ги поразиле силите на Хусеин Деј кој бил владетел на Алжир, но отпорот продолжил. Конфликтите продолжиле во следните 45 години.

За време на Наполеонските војни Алжир имал голема корист од трговија со Медитеранот каде биле увезени големо количество на храна од Франција која алжирските власти го купиле со кредит. Французите го ограничиле своето тргување бидејќи Медитеранот бил управуван од страна на Велика Британија. Владетелот на Алжир се обидел да ги зголеми даноците кое довело до нестабилност во земјата и започнување на Првата берберска војна и Втората берберска војна.

Во 1827 година Хусеин Деј побарал од Франција да го плати долгот од 1799 година кога Наполеон го нападнал Египет. Следувала блокада на пристаништето на Алжир каде најголеми загуби претрпиле француските трговци бидејќи тие не биле во можност да тргуваат со Алжир, додека пак берберските пирати биле во можност да ја избегнат блокадата. Францускиот крал одлучил да организира казнена експедиција на бреговите на Алжир и да ги уништи берберските пирати.

Конфликтот завршил со анексија на Алжир од страна на Франција.

Наводи[уреди]

  1. Gábor Ágoston, Bruce Alan Masters, Encyclopedia of the Ottoman Empire, Infobase Publishing, 2009, ISBN 978-0-8160-6259-1, p. 33.
  2. Salih Özbaran, The Ottoman response to European expansion: studies on Ottoman-Portuguese relations in the Indian Ocean and Ottoman Administration in the Arab Lands during the Sixteenth Century, Isis Press, 1994, ISBN 978-975-428-066-1, p. 35.
  3. Andrew C. Hess, The Forgotten Frontier: A History of the Sixteenth-Century Ibero-African Frontier, University of Chicago Press, 2010, ISBN 978-0-226-33031-0, p. 253.
  4. William Spencer, Islamic fundamentalism in the modern world, Twenty-First Century Books, 1995, ISBN 978-1-56294-435-3, p. 73.