Отоманска Хрватска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од темата Хрватска

Историја на Хрватска

Античка историја

Рана историја
Хрвати
Бела Хрватска
Црвена Хрватска

Среден век

Среден век
Унгарска Унија
Кралство Хрватска, Славонија и Далмација
Австриска власт

Модерна Хрватска

Бановина Хрватска
Кралство Југославија
Прва светска војна
Независна држава Хрватска
Социјалистичка Република Хрватска
СФРЈ
Војната во Хрватска
Хрватска

Портал:Хрватска

Османлиското владеење на денешните делови од Хрватска започнало во текот на 14 век. Брзото ширење на Османлиското Царство кон Балканскиот Полуостров довело до промена на етничкиот карактер на Хрватска. Во текот на османлиското владеење Хрватска изгубила две третини од своите простори и повеќе од половината на своето население.

Претходно Османлиите ги зазеле Бугарија во 1393, Цариград во 1453 и Србија во 1459 година.

Први конфликти[уреди | уреди извор]

Во 1433 година кралот Сигмунд конечно ја разбрал опасноста од муслиманите. Поради тоа кралот Луксембуршки основал три одбранбени линии и тоа во Хрватска, Славонија и Босна. Во периодот од 1458 до 1490 година со Хрватска и Унгарија владеел кралот Матијаш Корвин кој склучил со босанскиот крал сојуз против Османлиите. Но во летото 1463 година Мехмед II навлегол во Босна и ја зазел. Во есента 1463 година Матијаш направил поход кон Јајце и ослободил неколку градови.

По заземањето на Босна, во втората половина на 15 век започнале нападите кон Хрватска. Овие напади биле водени од страна на домашни исламизирани бегови. Биле заземени повеќе градови како Почител на Неретва, а во 1482 година паднал Херцег Нови. Никола Илочки бил именуван за крал на Босна, но Матијаш Корвин во 1480 стигнал дури до Сараево.

Стогодишна војна[уреди | уреди извор]

Периодот од 1493 до 1593 година во историјата е познат како Стогодишна османлиско-хрватска војна. Во 1493 година се одвила Битката на Крбавско поле каде Османлиите издвојувале победа.

На хрватскиот собор од 1494 година била побарана помош од германскиот цар Максимилијан I и папата Александар VI. Помошта која стигнала била недоволна, но војната продолжила посебно кога за хрватски бан бил ставен Петар Бериславиќ. Тој во 1513 година со помош на папата издвоил победа кај Дубица, Јајце, а во 1519 година папата Лав X му ја дал титулата спасител на христијанството. Банот загинал во 1520 година.

Османлиски освојувања[уреди | уреди извор]

Во периодот од 1522 до 1566 година владеел Сулејман I, време кога Хрватска и Унгарија доживеале најголеми порази. Претходно во 1521 година паднал Белград, кој бил нарекуван златен клуч на Унгарија. Во 1522 година кнезот Бернадрин Франкопан Озалски во Нирнберг побарал германска помош, а неговиот син во 1525 година за последен пат успеал да го спаси Јајце. По ова следувало навлегување на османлиските војски во Босна преку Вуковар и Осиек. По ова дошла Мохачката битка каде Унгарија била катастрофално поразена.

Во Мохачката битка починал последниот унгарски крал, а на Хабсбуршката династија претходно ѝ била ветувана оваа круна. Хабсбуршката династија била единствената која можела да создаде одбранбена линија против Османлиите. Во 1527 година на Цетинскиот собор Хрватите за свој крал го избрале Фердинанд I од Австрија. За возврат Австрија требала да помогне околу одбраната на Хрватска од муслиманскиот напад. Но дел од славонските и унгарските семејства за крал го признавале само Иван Заполја. Поради ова во земјата избила граѓанска војна која траела до 1540 година кога починал унгарскиот крал. Во текот на овој конфликт, Османлиите го зазеле градот Јајце во 1528 година, а во 1532 година главната армија заминала кон Виена. По ова во 1536 година паднал градот Пожега во Славонија, во 1537 Клис во Далмација.

Хабсбуршка Хрватска[уреди | уреди извор]

Хрватска во составот на Хабсбуршката Монархија ја сочувала својата автономија но во меѓусебните војни со Османлиите Хрватска изгубила голем дел од своите територии како јужна Далмација. Од друга страна Венецијанската Република ги зазела Сплит, Задар а како слободен бил градот Дубровник и тоа до 1526 година кога морал да ја признае османлиската власт и да плаќа данок. Во составот на австриските сили, на територијата на Хрватска била формирена одбранбена линија према Босна која се викала Воена краина. Во поробените хрватски земји, голем дел од населението било продавано како робови на исток, а голем дел од Хрватите побегнале кон Австрија, Унгарија, Италија и Чешка, па и денеска во овие земји живеат потомци на овие бегалци. Во тој период Хрватска изгубила половина од своето населени.

Воена област[уреди | уреди извор]

Хабсбуршката Монархија во 1537 година мобилизирала голема војска стремејќи се да ја заземе Славонија, но претрпеле пораз по кое Османлиите продолжиле со освојувањата. Во Битката кај Сигетвар Османлиите победиле, но немале сили да продолжат кон Виена.

За одбрана на Хрватска и Славонија од постојаните турски напади во Сењ, Огулин, Бихаќ, Храстовица, Зумберак, Иваниќ, Крижевци и Копривница биле изградени воени окрузи кои ја покривале територијата од Јадранско Море до Драва. Хабсбуршката Монархија ја изградиле тврдината во Карловац во 1579 година. Во следните години следувале нападите од Босна на чело со бегот Ферхад-паша. Во 1580 година Босна станала санџак. Во 1592 година Османлиите биле поразени кај Сисак од страна на Тома Ердоди, стопирајќи го продорот кон Загреб.

Зринско-франкопански бунт[уреди | уреди извор]

По поразот на Турците крај Сисак започнала долгогодишната војна меѓу Хабсбурговците и Отоманското Царство. Таа завршила во 1606 година и на Хрватите биле вратени дел од загубените територии. Во 1618 година започнала нова 30-годишна војна. Во неа учествувале браќата Зрински, тогаш највлијателните хрватски аристократи.

Во 1664 војската на Хабсбурговците издвојувала победа во Битката кај Сентготард, но царот на Светото Римско Царство Леополд I (1657-1705) не ја искористил победата и склучил неповолен мировен договор според кој на Османлиите припаднале дел од хрватските и унгарските територии. Хрватите и Унгарците не се согласиле со условите на овој договор по кое организирале востание на чело со Никола Зрински. Бунтовниците преговарале со францускиот крал Луј XIV кој бил во конфликт со виенскиот двор, поради европската политика. Преговорите немале резултат, а на 18 ноември 1664 година Никола Зрински починал. Неговото место го зазел помладиот брат Петар Зрински кој продолжил со борбата за правата на Хрватите заедно со Фран Крсто Франкопан и унгарските благородници. Меѓутоа унијата со Унгарците се распаднала во 1667 година по смртта на нивниот водач. Набргу потоа преку измама биле заробени Петар Зрински и Фран Крсто Франкопан, како и унгарските водачи на бунтот. На 30 април 1671 година Зрински и Франкопан биле погубени и закопани тајно. По ова следувало разграбување на нивниот имот. Гробовите на Зрински и Франкопан биле пронајдени дури во 1907 година, а во 1919 година посмртните останки биле пренесени во Загреб.

До 1699[уреди | уреди извор]

Во 1683 година Османлиите за последен пат ја ставиле под опсада Виена, но претрпеле пораз. Охрабрени од тоа, Хрватите започнале војна за ослободување. Во текот на следните 15 години биле ослободени цела Славонија, Бановина, Лика, и др. Во 1699 година Османлиите биле принудени да потпишат мировен договор со Хабсбуршката Монархија и да се повлечат целосно од Унгарија и голем дел од хрватските територии.