Залог (граматика)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Односот на подметот кон глаголското дејство се вика залог.

Залогот може да биде активен и пасивен.

Кога подметот го означува вршителот на дејството станува збор за активен залог.

Кога подметот не го означува вршителот на дејството станува збор за Пасивен залог.

1.Наставничката ја награди Марија. (активен залог)

2.Костадин го удри кучето.(активен залог)

3.Марија е наградена од наставничката. (пасивен залог)

4.Кучето беше удрено од Костадин. (пасивен залог)

Пример за залогот во македонскиот јазик.