Армија на Република Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Армија на Република Македонија
Основана околу 1900 (МРО во облик на војска)
Денешен облик 1992
Родови Лого на Здружената оперативна команда Здружена оперативна команда
Генералштаб Скопје
Водство
Врховен командант Претседател Ѓорѓе Иванов
Министер за одбрана Талат Џафери
Началник на ГШ Горанчо Котески
Човечка сила
Старост за служба 18 години
На располагање 532.856 мажи, возраст: 16-49[1],
513.684 жени, возраст: 16-49[1]
Способни 444.247 мажи, возраст: 16-49[1],
427.556 жени, возраст: 16-49[1]
Достигнуваат старост
(годишно)
14.596[1] мажи,
13.881[1] жени
Активен кадар 13.000
Резервен кадар 60.000
Трошоци
Буџет $200.000.000 USD (2003)[2]
 % од БДП 6% (2005) [1]
Поврзани статии
Чинови Чинови на АРМ

MacedonianArmyLogo.svg
Амблем на АРМ

Преземање на караулата, 1992 година
Војници на АРМ
Македонски војник за време на воениот конфликт во Македонија во 2001 година
Припадници на Оклопниот Баталјон Т-72 со нивниот тенк

Армија на Република Македонија (АРМ) — вооружени сили на Република Македонија со нивните составни војски и родови.

Историја на АРМ[уреди]

На 17 ноември 1991 година Собранието го усвојува Уставот на Република Македонија, според кој Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава, а одбраната на државата се организира со сопствени вооружени сили.

На 21 февруари 1992 година претседателот Киро Глигоров и претставниците на федералната армија потпишуваат договор за дислокација на ЈНА од Македонија со краен рок до 15 април. Армијата повлекувањето го завршува пред определениот рок, така што на 27 март 1992 година македонската територија ја напушти и последниот нејзин војник.

Со одвлекувањето на опремата и вооружувањето со кое располагаше ЈНА на територијата на Република Македонија, нашата земја остана со скромни борбени средства и воена опрема која беше во рамките на Територијалната одбрана. Сепак со нив успешно почна да се спроведува обуката и да се подготвува новоформираната Армија на Република Македонија за извршување на својата уставна улога и задачи.

Претходно, македонските војници организирани во Територијална одбрана успешно го извршија преземањето и обезбедувањето на границите и воените објекти на Република Македонија. Така, на 6 март 1992 година е преземен првиот воен објект- зградата на Републичкиот и Градскиот штаб на ТО во Скопје, а на 11 март 1992 година, од страна на ТО Крива Паланка е преземена правта караула "Рамна нива" на македонско – бугарската граница. На 26 март 1992 година припадниците на ТО на општина Чаир во Скопје го презедоа и последниот, но и најголем воен објект – сегашната касарна „Илинден“.

По завршувањето на сите подготовки за прием на первата генерација македонски војници во АРМ, на 14 април 1992 година, во касарната во Охрид пристигнува првиот регрут — Пане Јамадиев од Велес, а на 15 април во касарните во Скопје, Битола, Штип и Охрид е примена првата генерација млади војници во АРМ со што и започнува формирањето на Вооружените сили на Република Македонија.

Старешините и граѓанските лица на служба во АРМ кои се определија да останат во Република Македонија, ги прифатија основните системски решенија на државното раководство како единствена алтернатива на одбраната на Република Македонија.

Мисија на АРМ[уреди]

Како вооружена сила на граѓаните на Република Македонија, со постојаниот и резервниот состав, се организира, подготвува и оспособува за водење вооружена борба и борбени и други дејствија за остварување на својата уставна улога и функција за одбрана на Република Македонија, како и за учество во Мисии и задачи за одбрана и чување на мирот и безбедноста и за противтерористички дејства во земјата и странство, во содејство или во состав на колективните системи за безбедност и одбрана (НАТО, ЕУ, ПзМ).


Основи на националната одбранбена политика и доктрина[уреди]

Националната одбранбена политика и доктрина се одредени и се базираат врз основните цели на безбедносната политика на Република Македонија:

  • да ги заштитува животот и личната сигурност на граѓаните;
  • да ја гарантира независноста и територијалниот интегритет на државата, политичките слободи, граѓанските и човековите права, вклучувајќи ги и правата на религиозните, етничките и другите малцинства;
  • да ја гарантира материјалната благосостојба и просперитетот на граѓаните.

Oдбранбената политика на Република Македонија се базира врз следниве принципи:

Гардистите на АРМ
  • организирање на одбраната како систем кој овозможува реализирање на правото и обврската на секој граѓанин да ја брани земјата, гарантирано со Уставот;
  • организирање на одбраната за извршување на нашето право на индивидуална и колективна самоодбрана преку вооружена борба во случај на вооружен напад, гарантирано со членот 51 од Повелбата на ОН;
  • обезбедување на одбранбениот карактер на одбранбениот систем;
  • организирање на вооружените сили како одвраќач на агресија и други надворешни закани врз безбедноста на земјата, способни за вооружен отпор во случај на агресија;
  • организирање на одбраната за целосна заштита на суверенитетот на нашиот воздушен простор и за превенција од негова употреба за агресија врз трети земји;
  • еднообразност во употребата на вооружените сили.

Национално командно уредување[уреди]

Претседателот на Република Македонија е Врховен командант на вооружените сили.

Претседателот ги донесува одбранбениот план и стратегија, одлуките за спроведување на готовноста, ја одобрува организациско-формациската структура на армијата, донесува документи за развој, одлуки за нејзина мобилизација и друго.

Претседателот исто така претседава и со Советот за безбедност на Република Македонија. Советот за безбедност ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Република Македонија и дава предлози на Собранието и на Владата.

Собранието на Република Македонија ги надгледува компетенциите на Владата сврзани со одбраната, донесува одлуки за постоење на непосредна закана од војна, прогласува настанување на воена состојба и мир и го донесува воениот буџет. Слични одговорности има и собраниската комисија за одбрана и безбедност.

Владата на Република Македонија ги има надлежностите во врска со донесувањето на предлогот на одбранбениот план, предлогот на буџетот за одбрана и друго.

Министерството за одбрана ја подготвува одбранбената стратегија, ја изработува проценката на можните ризици и закани, одговорно е за одбранбениот систем, обуката и готовноста на вооружените сили, опременоста и развојот, го предлага буџетот за одбрана и друго.

Мисија и задачи на Генералштабот на АРМ[уреди]

ГШ на АРМ ги извршува оперативните и стручни работи во планирањето, организирањето, подготвувањето и командувањето со Армијата во целина или нејзини делови, при остварување на задачите кои произлегуваат од мисијата на АРМ. Моментален Началник на Генералштабот на АРМ е бриг. ген. Горанчо Котески (од 18 август 2011)[3].

Задачите на Генералштабот на Армијата се:

  1. Планирање на организацијата и формацијата на Армијата,
  2. Планирање употреба на Армијата,
  3. Организира подготовки и извршување на мобилизацијата на АРМ,
  4. Предлага мерки за зголемување на борбената готовност на АРМ,
  5. Планирање на финансиски средства за потребите на АРМ,
  6. Планирање за опремување на АРМ,
  7. Планирање на вежбовните активности на АРМ,
  8. Планирање и спроведување раководење со кадарот во АРМ во согласност со кадровската политика на МО,
  9. Планира школување, стручно оспособување и усовршување на лицата на

служба во АРМ,

  1. Планира, организира и спроведува логистичка подршка во АРМ,
  2. Ги согледува потребите и организира планирање и спроведување на обуката за припадниците на АРМ,
  3. Организира и подготвува врски за командување и контрола,
  4. Планира и спроведува криптозаштита на тајните податоци значајни за АРМ,
  5. Организира и спроведува противелектронско обезбедување, (доколку ЦЕИ остане во состав на ГШ на АРМ),
  6. Организира и спроведува набљудување, контрола и обезбедување на суверенитетот на воздушниот простор на Република Македонија,
  7. Разузнување и контраразузнување во АРМ,
  8. Планира заштита на силите во АРМ,
  9. Планира и координира активности за откривање и спречување на вршење кривични дела во АРМ,
  10. Планира и координира активности за уредување на територијата за потребите на АРМ,
  11. Остварува соработка со странски армии, цивилни власти и организации, во согласност со планот на МО,
  12. Донесува стручни правила и упатства што се однесуваат на употребата на единиците на АРМ, внатрешниот ред и односите во вршењето на службата во АРМ и други стручни правила и упатства од значење за работа во АРМ,
  13. Командува со единиците на АРМ, согласно прописите за командување донесени од Претседателот на Република Македонија,
  14. Регулира учество на единици од АРМ врз основа на наредба од Претседателот на Република Македонија.

Здружената Оперативна Команда на АРМ[уреди]

Logo of mk JOC.jpg

Во АРМ се наоѓа Здружената Оперативна Команда. Составена е од повеќе единици:

Полк за специјални операции[уреди]

Мисија ИСАФ

Мисијата на ПСО е изведување на специјални операции во мирновременски услови и во услови на конфликт, самостојно и во содејство со други единици на АРМ, во сите земјишни и временски услови, поддршка на надворешната и безбедносната политика на државата со декларирани сили да учествува во изведување на заеднички специјални операции со други коалициски држави за поддршка на мирот и превенција на конфликти и во справување со регионални конфликти и кризи во операции предводени од НАТО, ООН, ОБСЕ и од ЕУ.

Задачи на ПСО се:

ИСАФ
  1. Да е оспособена да даде елемент за командување и контрола и разместување за НАТО (ЦЈСОТФ) или операции со други држави;
  2. Да се фокусира на планирањето и координирањето на специјалните операции;
  3. Да се фокусира на начинот на развивање на Доктрина за изведување на Специјални Мисии и Стандардни Оперативни Процедури врз основа на НАТО модели;
  4. Да дава насоки на потчинетите единици во врска со операциите, обуката, логистиката и начинот на употреба;
  5. Извршува специјални операции на територијата на Република Македонија самостојно и во содејство со единиците на МВР согласно дадената мисија;
  6. Врши собирање, обработка и доставување на разузнавачки податоци за непријателските сили, просторот за изведување на борбени дејства и временските прилики со цел да се спречи изненадување, а истовремено обезбедуваат навремени подготовки за успешно изведување на специјални операции;
  7. Подршка на силите на МВР во справувањето со закани, ризици и опасности по безбедноста на РМ, во склад со позитивните законски прописи;
  8. Учество со декларирани сили во операции за подршка на мирот (во сите негови димензии) и превенција на конфликти и справување со регионални конфликти и кризи во операции во состав и/или предводени од НАТО, ООН, ОБСЕ, ЕУ и други меѓународно договорени сојузи;
  9. Учество во вежби, конференции, состаноци и други форми на соработка, како и други билатерални и меѓународни аражмани во функција на градење на доверба и унапредување на регионалниот и глобалниот мир и стабилност

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]