Анвар ал Авлаки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Анвар ал Авлаки
أنور العولقي

Анвар ал Авлаки во 2008 година
Роден(а) Анвар Насер бин Абдула ал Авлаки
април 21, 1971(1971-04-21)[1][2]
Ново Мексико, САД
Починал(а) септември 30, 2011(2011-09-30) (на 40 год.)
Јемен[3]
Причина за смрт убиен од американската AGM-114
Живеалиште Јемен
Народност Арап
Државјанство американско и јеменско
Алма матер Универзитет Колорадо (B.S.)
Универзитет Сан Диего (M.A.)
Универзитет Џорџ Вашингтон (Ph.D., incomplete)
Занимање имам
Организација Ал Каеда во Арапскиот свет
Познат(а) по претставник на Ал Каеда[4][5]
Влијанија од Саид Кутб
Висина 1,85[6][7]
Тежина 73[6]
Вера Суни ислам
Деца 5[8]
Родители Насер ал Авлаки (татко)

Анвар ал Авлаки (арапски: أنور العولقي‎, 21 април 1971 - 30 септември 2011) е поранешен американски[9] и јеменски имам.

Ал Авлаки бил американски државјанин, роден во Ново Мексико а израснат во Јемен. Како што било наведено од страна на еден агент на ФБИ, ал-Авлаки со измама добил грант за образование на Универзитетот Колорадо во раните 1990-ти, намерно ставајќи погрешно место на раѓање во прашалникот за добивање на грантот. Додека бил студент, ал-Авлаки се свртел кон радикалниот ислам и почнал да проповеда во џамиите во Сан Диего и во Форт Колинс во сојузната држава Колорадо. [10]

Имамот го привлекол вниманието на ФБИ во 1999 година. Истрагата се сомневала дека тој контактирал со некои агенти на Ал Каеда, кои одржувале сателитска врска со Осама бин Ладен. Поради недостигот од докази, случајот бил затворен. Според ФБИ, ал-Авлаки, исто така, ја посетувал џамијата во Сан Диего, во сојузната држава Калифорнија, заедно со Наваф ал-Хазми и Калид ал-Мидхар, коишто на 11-ти септември 2001 го киднапирале авионот којшто потоа го урнаа врз зградата на Пентагон. Агентот на ФБИ е убеден дека ал-Авлаки однапред знаел за нападот.

Јеменските власти потврдиле дека ал-Авлаки имал средби со обвинетиот за обид за извршување терористички напад во авионот А-330 над аеродромот во Детроит на 25 декември 2009 година. Ал-Авлаки, исто така, контактирал и со мајорот Малик Хасан, лекар психијатар во американската армија, кој во 2009 година застрела 13 луѓе во воената база во Тексас.

Во средината на јануари 2011 година, јеменскиот суд во отсуство го осудил ал-Авлаки на казна затвор од десет години по обвинение за поттикнување на убиство на странски државјани и одржување врски со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. Директорот на Националниот контраразузнавачки центар на САД, Мајкли Лејтер, го нарече ал-Алваки центар, најуспешните промотор на екстремистички ставови на интернет, притоа тврдејќи дека имамот може да претставува најголемата закана за американската национална безбедност.

Наводи[уреди]

  1. Federal Bureau of Investigation Washington Field Office. „Anwar Nasser Aulaqi“ (PDF), „Fox News“, 26 септември 2001 (конс. 1 октомври 2011). Redacted documented obtained by INTELWIRE.
  2. Cardona, Felisa. „U.S. attorney defends dropping radical cleric's case in 2002“, 3 декември 2009 (конс. 7 декември 2009).
  3. Staff report (September 30, 2011). "Born in US, Al-Awlaki was his birth nation's sworn enemy." MSNBC
  4. US-born radical cleric added to terror blacklist“, „Fox News“, 16 јули 2010 (конс. 17 јули 2010).
  5. Death of Anwar Al Awlaki Doesn't Solve Yemen's Problems – US News and World Report. Usnews.com. Retrieved on 2011-10-01.
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име inf.
  7. Orr, Bob. „Al-Awlaki May Be Al Qaeda Recruiter“, CBS News, 30 декември 2009 (конс. 31 декември 2009).
  8. U.S. imam wanted in Yemen over Al-Qaida suspicions“, StarTribune.com, 10 ноември 2009 (конс. 30 септември 2011).
  9. Fox News staff. „Congressman Wants Radical Cleric's Citizenship Revoked“, Fox News, 21 април 2010 (конс. 12 мај 2010).
  10. http://kajgana.com/ubien-eden-od-vodachite-na-al-kaeda