Маја Оџаклиевска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Маја Оџаклиевска
Роден 21 април 1954
Скопје
Националност Македонка
Познат македонска и југословенска пејачка
Занимање пејач


Маја Оџаклиевска (21 април 1954) е македонска пејачка на забавна музика. Долги години таа работи и живее во Белград, Србија каде и пее на српски јазик. Маја Оџаклиевска е познат изведувач не само во Македонија и Србија, туку на целата територија на поранешна Југославија.

Биографија[уреди]

Маја Оџаклиевска е родена на 21 април 1954 година во Скопје. Својата музичка кариера ја започнува како 15 годишно девојче и се појавува на аудиција на Радио Скопје. Во 1970 година таа се преселила во Белград. На покана на Радослав Грајиќ учествува во радио емисијата „Максиметар“ , каде победила, добила епизодна улога во претставата „Рабле“ на Жан Луј Баро. Таа има учествувано на безброј фестивали низ поранешна Југославија. Соработува со големи музички имиња како што се А. Илиќ, Б. Ѓорѓевиќ, С. Марковиќ, М. Туцаковиќ, Г. Копров, К. Костов, К. Ковач, Р. Радивојевиќ и други.

Синглови[уреди]

Меѓу најголемите хитови на Маја Оџаклиевска се:

  • „Многу солзи“
  • „Шила“
  • „Лиду лидуду“
  • „Не допирај ме“
  • „Биди добар како што сум јас“
  • „Среќо кажи“

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]