Јохан Фридрих Пфаф
| Јохан Фридрих Пфаф Johann Friedrich Pfaff |
|
Јохан Фридрих Пфаф |
|
| Роден(а) | 22 декември 1765 Штутгарт, Germany |
|---|---|
| Починал(а) | 21 април 1825 (на возраст од 59 г.) Хале, Германија |
| Живеалиште | Германија |
| Националност | Германец |
| Полиња | математика |
| Работел(а) во | Хелмштетски универзитет Универзитет во Хале |
| Студирал(а) во | Гетингенски универзитет |
| Докторски советник | Абрахам Готхелф Кестнер |
| Докторски студенти | Карл Фридрих Гаус Август Фердинанд Мебиус |
| Познат(а) по | пфафијани |
Јохан Фридрих Пфаф (герм. Johann Friedrich Pfaff); (Штутгарт, 22 декември 1765 - Хале, 21 април 1825) е германски математичар. Во XIX век важел за еден од најзнаменитите математичари во Германија. Изучувал интегрално сметање и се истакнал со неговата работа на делумните диференцијални равенки од прв ред (денес наречени Пфафови системи) кои станале дел од теоријата на диференцијалните форми. Бил и постдипломски советник на прочуениот математичар Карл Фридрих Гаус.
Високото образование го стекнал кај Абрахам Готхелф Кестнер и станал претходник на германската математичка школа. Под водството на Гаус и неговите следбеници, оваа школа одиграла клучна улога во развитокот на математиката во XIX век. Бил пријател на Гаус, со кого се зближиле како цимери во Хелмштет (1798). Подоцна негов студент станал Август Фердинанд Мебиус.
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- Оконор, Џон Џ. и Едмунд Ф. Робертсон. „Јохан Фридрих Пфаф“ - Архив „Историја на математиката“ на MacTutor (англиски)
- Јохан Фридрих Пфаф - Проект „Математичка генеалогија“ (англиски)