Pink Floyd

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Pink Floyd

Пинк Флојд во 1968 со (Л–Д): Ник Масон (Nick Mason), Сид Берет (Syd Barrett), Дејвид Гилмур (David Gilmour), Роџер Вотерс (Roger Waters) и Ричард Рајт (Richard Wright)
Биографски податоци
Жанрови арт Рок, прогресив рок, психоделичен рок, спејс рок, хард рок
Период на активност 1964–денеска
Издавачи Harvest, EMI, Capitol, Tower, Columbia
Мреж. место www.pinkfloyd.co.uk
Членови
Дејвид Гилмур
Ричард (Рик) Рајт
Ник Масон
Поранешни членови
Роџер Вотерс
Сид Берет
Боб Клос

Pink Floyd (се чита: пинк флојд) е англиски рок бенд кој стана препознатлив по нивната психоделична или спејс рок музика, и, со текот на времето, по нивната прогресив рок музика. Познати се по нивните философски текстови, експериментирањето, иновативните корици на албумите и ненадминливите перформанси во живо. Едно од нивните најголеми достигнувања во рок музиката, е продажбата на повеќе од 200 милиони албуми низ светот[1][2] вклучувајќи 74.5 милиони албуми само во САД.[3]

Пинк Флојд имаа добар успех на главната (комерцијалната) сцена и беа еден од најпопуларните бендови на Лондонската андерграунд музичка сцена во доцните шеесети како психоделичен бенд водени од Сид Берет (Syd Barrett); како и да е, непредвидливото однесување на Берет ги примора неговите колеги да го заменат со гитаристот и вокал Дејвид Гилмур (David Gilmour). По заминувањето на Берет, вокалот и басистот Роџер Вотерс (Roger Waters) постепено стана доминантен и беше водечка сила на бендот во доцните седумдесети, се до неговото заминување од бендот во 1985. Бендот сними повеќе албуми, достигнувајќи светска слава со The Dark Side of the Moon (1973), Wish You Were Here (1975), Animals (1977), и The Wall (1979). Во 1985, Вотерс ги нарече Пинк Флојд “потрошен материјал“, но преостанатите членови, водени од Гилмур, продолжија да снимаат и да настапуваат под истото име. И покрај тоа што беа обвинувани од Вотерс во врска со правата на името, тие повторно доживеаја светски успех со A Momentary Lapse of Reason (1987) и The Division Bell (1994). По долг период, без судска одлука, тие добија согласност од Вотерс за користење на името. Вотерс настапуваше со бендот за прв пат по 24 години на 2 Јули 2005 на London Live 8 concert.

Историја на бендот[уреди]

Ерата на Сид Берет: 1964–1968[уреди]

Пинк Флојд се зачнати од поранешен рок бенд, формиран во 1964,[4][5] кој бил познат по повеќе имиња и тоа Sigma 6, the Meggadeaths, The Tea Set (or The T-Set), The Architectural Abdabs, The Abdabs и The Screaming Abdabs. Кога бендот се растурил, некои од членовите — гитаристите Боб Клос (Bob Klose) и Роџер Вотерс (Roger Waters), тапанарот Ник Масон (Nick Mason), и клавијатуристот Ричард Рајт (Richard Wright) — формираат нов бенд наречен "Tea Set". По несогласувањата со водечкиот вокал Крис Денис (Chris Dennis),[6] блуз и фолк гитаристот и вокал Сид Берет се приклучува на бендот, со тоа што Вотерс се префрла на бас.[7]

Кога The Tea Set сфатија дека функционираат како друг бенд под истото име, Берет доаѓа со алтернативно име The Pink Floyd Sound, добиено од имињата на двајца блуз музичари, Пинк Андерсон (Pink Anderson) и Флојд Консил (Floyd Council) (двете имиња ги видел во белешките на албумот Blind Boy Fuller).[8][9] Името уште некое време варирало помеѓу The Tea Set и The Pink Floyd Sound, но подоцна второто било избрано. Зборот Sound бил отфрлен уште на почетокот, но The се уште бил употребуван се до 1970. Остварувањата на групата во Велика Британија во времето на Сид Берет се потпишани како The Pink Floyd како и првите два синглови во САД. Албумите од 1969 More и Ummagumma се дело на Pink Floyd, а продукцијата е на The Pink Floyd, додека на албумот од 1970 Atom Heart Mother бендот е именуван како The Pink Floyd, а продукцијата е на Pink Floyd. Дејвид Гилмур е познат по тоа што преферирал името на бендот да ја има претставката The се до 1984.[10]

Џез - ориентираниот Клос го напушта бендот само по снимањето на демо,[11] оставајќи зад себе стабилна постава со Берет на гитара и водечки вокал, Вотерс на бас гитара и пратечки вокал, Масон на тапани и перкусија, и Рајт на клавијатура и пратечки вокал. Берет наскоро почна со пишување на негови песни, под влијание на американскиот и англискиот психоделичен рок но на негов начин со вметнување на неговиот хумор. Пинк Флојд станаа омилени на андеррграунд движењето, свирејќи на атрактивни места како УФО Клубот (UFO Club), Марки Клубот (the Marquee Club) и Раундхаус (the Roundhouse).

На крајот од 1966 бендот бил поканет да направи музика за филмот на Питер Вајтхед (Peter Whitehead) Tonite Let's All Make Love In London; Во јануари 1967 тие снимиле две песни за филмот и тоа ("Interstellar Overdrive" и "Nick's Boogie"). Покрај тоа сета музика што била направена за овој филм е издадена во 2005, а изданието носи наслов "London '66/'67".

Како што растела нивната популарност, членовите на бендот во октомври 1966 го формирале Блекхил Ентерпрајсис (Blackhill Enterprises), односно бизнис партнерство со нивните менаџери Питер Џенер (Peter Jenner) и Ендрју Кинг (Andrew King),[12] издавајќи ги сингловите "Arnold Layne" во март 1967 и "See Emily Play" во јуни 1967. "Arnold Layne" го достигна 20 место на Британската Сингл Листа (UK Singles Chart), додека "See Emily Play" го достигна шестото место,[13] гарантирајќи му го на бендот првиот настап на националната телевизија во шоуто Топ оф д Попс (Top of the Pops) во јули 1967. (Бендот имал претходен настап на ТВ, изведувајќи ја "Interstellar Overdrive" во UFO Клубот, во краток документарец со име "It's So Far Out It's Straight Down". Ова било прикажувано само на регионот што го опфаќала англиската телевизија Гранада.).

Дебитантскиот албум на бендот The Piper at the Gates of Dawn излегува во август 1967, и до денес се смета како пример за Британската психоделична музика,[14] а истовремено бил добро прифатен од музичката критика во тоа време. Во денешно време овој албум, од многу критичари е сметан како еден од најдобрите дебитантски албуми на сите времиња.[15] Песните на албумот, претежно напишани од Берет, искажуваат поетични текстови и еклектична комбинација на музика, од авантгарда која се сретнува во песната во слободна форма "Interstellar Overdrive" до импулсивни песни како што е "The Scarecrow", инспирирана од Фенландската фолк музика, рурален регион кој се наоѓа северно од Кембриџ (Cambridge), (родниот град на Берет, Гилмур и Вотерс). Текстовите во овој албум се најчесто нереални (надреалистички) и често имаат врска со фолклорот, како што е "The Gnome". Во музиката се рефлектира користењето на новите технологии во електрониката како што е употребата на стерео панинг, обработка на снимките, ехо ефекти (постигнати со Binson) и електронски клавијатури. Албумот беше хит во Англија каде го достигна шестото место, но не успеа добро во САД каде беше дури на 131-вото место,[16] и тоа одкога бил повторно издаден во времето на комерцијалниот пробив на бендот во седумдесетите. За време на овој период, бендот имал турнеи со Џими Хендрикс (Jimi Hendrix), што им помогнало за зголемувањето на нивната популарност.

Заминувањето на Берет[уреди]

Како што бендот стануваше се попопуларен, стресовите од животот поминат во патување, притисоците од издавачката куќа во врска со издавањето на хит синглови, и прекумерното земање на психоделични дроги битно влијаеа на Берет, чие ментално здравје се влошуваше веќе неколку месеци. [17] Во јануари 1968, гитаристот Дејвид Гилмур се приклучи на бендот за да ги замени должностите на Берет, макар што, по кажувањата на Гилмур, и Џеф Бек (Jeff Beck) бил во игра за тоа место. [18]

Со тоа што однесувањето на Берет стануваше се помалку предвидливо, а со неговото речеси секојдневно користење на ЛСД, тој стана многу нестабилен, одвреме-навреме се губеше (трипуваше) додека остатокот од бендот настапуваше. За време на некои концерти, тој едноставно ќе повторуваше само еден акорд за време на целиот концерт, или ненадејно почнуваше да ја расштимува гитарата.[19] Тој исто така беше ератичен (расеан, нестабилен) и за време на пробите; за време на пробите пред снимање, како што кажуваат членовите на бендот, тој бил перфектно подготвен и готов за снимање, но по почнувањето на снимањето тој почнувал да гледа во неодредена точка. Кога снимањето ќе прекинело, тој се претворал, по опишувањето на Вотерс, во “вообичаеното момче кое лесно потскокнува на неговите стапала“. Изгубениот поглед во неговите очи го инспирирал Вотерс, подоцна во 1975, да го напише текстот за "''Shine On You Crazy Diamond''", "Now there's that look in your eyes/ Like black holes in the sky". Концертите на бендот станаа премногу неподносливи, се додека, другите членови од бендот престанаа да го земаат на концерти. Последниот концерт во кој настапуваше Берет беше на 20 јануари 1968 на Хастингс платформата. Најпрвин се надеваа дека Берет ќе пишува песни а Гилмур ќе ги изведува, но премногу тешките композиции на Берет, како што е "Have You Got It, Yet?", го натера бендот да се откаже.[20] Кога заминувањето на Берет веќе беше формално во април 1968, продуцентите Џенер и Кинг одлучија да останат со него, Блекхил партнерството беше раскинато.[20] Бендот го зеде Стив О`Рурк (Steve O'Rourke) како менаџер, и тој остана со Пинк Флојд се до неговата смрт во 2003.[21]

По снимањето на два соло албуми (The Madcap Laughs и Barrett) во 1970 (со ко-продукција и понекогаш вклучување на Гилмур, Вотерс и Рајт) со половичен успех, Берет се повлече од јавноста. Враќајси го своето вистинско име, Роџер, тој се врати во својот роден град Кембриџ и живееше повлечен живот се до неговата смрт на 7 јули 2006.

Застанување на сопствени нозе: 1968–1970[уреди]

Ера на пробивање: 1971–1975[уреди]

Ерата на Роџер Вотерс: 1976–1985[уреди]

Ерата на Дејвид Гилмур: 1987–1995[уреди]

Самостојни проекти и друго: 1995–present[уреди]

Идни насоки[уреди]

Концерти во живо[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Пинк Флојд концерти во живо.

Влијание[уреди]

Дискографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Пинк Флојд дискографија.

Албуми[уреди]

ДВД и видео[уреди]

Членови[уреди]

Претходни членови[уреди]

Наводи[уреди]

  1. The Times-20 јули,06
  2. BBC News release 2006
  3. RIAA, retrieved 22 април 2006
  4. Pink Floyd online
  5. Infoplease
  6. Mason, p. 21
  7. Schaffner, p. 25
  8. Mason, p. 30
  9. Uncut, September 2006, p. 54
  10. Schaffner, p. 276
  11. „The complete guide to the music of Pink Floyd“. London: Omnibus,. 1995. стр. 150p.. ISBN 071194301x. 
  12. Schaffner, p. 30
  13. Schaffner, p. 320–321
  14. „allmusic (((Pink Floyd > Discography > Main Albums)))“. http://www.allmusic.com/artist/pink-floyd-p76669. конс. 16 февруари 2006. 
  15. Rolling Stone, 26 октомври 1968
  16. Pink Floyd & Co. discography, retrieved 15 февруари 2006
  17. The Observer, 6 октомври 2002
  18. Pinnell, B. (1980). „Australian Radio Interview, David Gilmour“. http://www.pinkfloyd-co.com/band/interviews/djg/djgaust.html. конс. 24 август 2007. 
  19. Schaffner, p. 105
  20. 20,0 20,1 Schaffner, p. 107–108
  21. [1], 11 април 2003

Наводи[уреди]

(a fanzine)

Надворешни врски[уреди]

Официјални сајтови[уреди]

Други врски[уреди]

  • Another Link on the Wall - A large collection of fan sites, news resources and other external links, updated regularly.