Роџер Вотерс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роџер Вотерс

Роџер Вотерс во „The O2 Arena“, Лондон, во 2008
Биографски податоци
Родено име Џорџ Роџер Вотерс
Роден(а) 6 септември 1943
Грејт Букам, Суреј, Англија, ОК
Жанрови Прогресив рок, психоделичен рок, арт рок, хард рок, опера
Занимања Музичар, текстописец, композитор, продуцент
Инструменти Бас гитара, вокали, гитара, синтисајзер, кларинет, труба
Период на активност од 1964
Издавачи „Capitol Records“, „Columbia Records“, „Sony Records“, „Harvest Records“
Соработници Pink Floyd“, „the Bleeding Heart Band“, „Sigma 6“
Мреж. место roger-waters.com
Значајни инструменти
  • „Fender Precision Bass“
  • „Rickenbacker 4001“
  • „Martin acoustic guitars“

Џорџ Роџер Вотерс (роден на 6 декември 1943) е англиски музичар, пејач-текстописец и композитор. Тој е еден од основачите на групата „Pink Floyd“ во која учествувал како басист и како ко-водечки пејач. По заминувањето на Сид Барет во 1968, Вотерс станал текстописец и концептуален водач на групата. Бендот постигнал светски успех во 1970-тите со албумите „The Dark Side of the Moon“, „Wish You Were Here“ и „Animals and The Wall“. Примарен инструмент на Вотерс, во „Pink Floyd“, му била бас гитарата, а исто така, експериментирал со синтисајзер и со ритам гитара на снимките и на концертите. Поради креативните разлики помеѓу членовите на групата, Вотерс го напуштил бендот во 1985 и започнал легална битка со останатите чкенови во однос на употребата на името и материјалот на групата. Спорот бил решен надвор од судот, во 1987, и приближно 18 години поминале откога не настапувале повторно заедно. Се проценува дека до 2010 групата продала над 250 милиони албуми низ целиот свет, вклучувајќи ги и 74,5 милиони копии продадени во САД.

Соло кариерата на Вотерс вклучува три студиски албуми: „The Pros and Cons of Hitch Hiking“ (1984), „Radio K.A.O.S.“ (1987) и „Amused to Death“ (1992). Во 1986 учествувал во создавањето на песни за анимираниот филм „Кога ветерот дува“, направен врз основа на истоимената книга на Рејмонд Бригс. Во 1990 тој одржал еден од најголемите концерти во историјата, „The Wall – Live in Berlin“, со официјално присуство од 200.000 лица. Во 1996 бил примен во Куќата на Славните на Рокенролот, во САД и во Обединетото Кралство, како член на „Pink Floyd“. Од 1999, Вотерс одржал неколку турнеи и ја свирел „The Dark Side of the Moon“ во целост на неговите светски турнеи од 2006-2008. Во 2005 ја издал „Ça Ira“, опера во три акти, преведена од Етиен врз основа на раната Француска револуција. На 2 јули, 2005, се реобединил со соработниците од „Pink Floyd“, односно Ник Месон, Ричард Рајт и Дејвид Гилмор, за да свират на концертот „Live 8“. Ова било првото појавување на Вотерс со останатите членови на групата по поминати 24 години.

Во 2010 ја започнал светската турнеа „The Wall Live“. За време на оваа турнеа, во „O2 Arena“ во Лондон, на 12 мај, 2011, Гилмор и Месон уште еднаш се појавиле на сцена со Вотерс изведувајќи ја песната „Comfortably Numb“. Во првата половина од 2012, турнеата на Вотерс се наоѓала помеѓу првите места на листите за светски концерти со продадени 1,4 милиони карти.[1]

Вотерс бил оженет четири пати и има три деца. Во 2004 се верил со актерката и режисерка Лори Дарнинг, а се венчале на 14 јануари 2012 година.[2]

Наводи[уреди]

  1. "Roger Waters tops worldwide ticket sales for 2012". BBC News. Retrieved 14 July 2012
  2. MacNeil, Jason. „Roger Waters Marries Laurie Durning, Talks of 'Clinging to Pink Floyd Trademark'“. spinner.com. архивирано од оригиналот на 12 септември 2012. http://archive.is/tyFZ. конс. 19 јануари 2012. 

Надворешни врски[уреди]