Сталинградска битка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сталинградска битка
Дел од Источен фронт во Втората Светска војна
Bundesarchiv Bild 183-W0506-316, Russland, Kampf um Stalingrad, Siegesflagge.jpg
Советски војник го вее црвеното знаме на централниот плоштад во Сталинград означувајќи ја победата на Црвената Армија над силите на Оската, 1943 година.
Датум 17 јули 1942 - 2 февруари 1943
Место Сталинград, РСФСР, СССР
Исход Убедлива Советска победа
Завојувани страни
 Нацистичка Германија Нацистичка Германија
Романија Романија
 Италија
Унгарија Унгарија
Хрватска Хрватска
 СССР
Команданти и водачи
 Нацистичка Германија Адолф Хитлер
 Нацистичка Германија Фридрих Фон Паулус
 Нацистичка Германија Ерих вон Менштајн
 Нацистичка Германија Волфрам фон Рихтховен
 Нацистичка ГерманијаВилхелм БраунШаблон:Мртов
 Романија Петре Димитреску
 Романија Константин Константинеску
 Кралство Италија Итало Гариболди
 Унгарија Густав Витез Јани
 Хрватска Виктор Павичиќ
СССР Јосиф Сталин
СССР Васили Чуков
СССР Георги Жуков
СССР Александар Василевски
СССР Симон Тимошенко
СССР Никита Хрушчов
СССР Константин Рокосовски
СССР Родион Малиновски
СССР Андреј Јеременко
СССР Хази Асланов
Сила
Army Group B:
  • Германска 6та армија
  • Германска 4та панзерска армија

Романска 3та армија
Романска 4та армија
Италијанска 8ма армија
Унгарска 2ра армија
Хрватска Легија

Initial:
270,000 луѓе
3,000 artillery pieces
500 тенкови
600 авиони, 1,600 by mid-September (Luftflotte 4)[1][2]:72

Во времето на Советската контра офанзива:
1,011,000 луѓе
10,250 артилериско оружје
675 тенкови
732 (402 функционални) авиони:87

Сталинградски фронт
Советски југо-западен фронт
Дон фронт
Soviet 62nd Army




Initial:
187,000 men
2,200 artillery pieces
400 tanks
300 aircraft[2]:72

At the time of the Soviet counter-offensive: 1,103,000 men
15,500 artillery pieces
1,463 tanks
1,115[3]:224 aircraft
Жртви и загуби
750,000 killed or wounded
91,000 captured
Aircraft: 900 (including 274 transports and 165 bombers used as transports)[2]:122–123
Total: 841,000 casualties

Советски информации: помеѓу 7 јули 1942 и 2 февруари 1943, 1.500.000 убиени, ранети и заробени војници [4] [5]

478,741 killed or missing
650,878 повредени или болни
40,000+ мртви цивили
4,341 тенкови
15,728 пушки и минофрлачи
2,769 борбени авиони [6]
Total: 1,129,619 casualties
1 Over 11,000 Axis soldiers continued to fight until early March, 1943.

Сталинградската битка е најкрвавата битка во историјата на човештвото. Таа се водела во градот Сталинград, денешен Волгоград, во југозападна Русија, помеѓу Советскиот Сојуз и Нацистичка Германија, во периодот од 28 јули 1942 до 2 февруари 1943, кога се случувале најголемите пресвртници во Втората Светска Војна.

Почеток на битката[уреди]

28 јуни 1942 година. Поминале година дена од германската инвазија на СССР, под називот Операција Барбароса. Тоа бил Хитлеровиот план за уништување на, како тој го нарекол, словенската хорда. Но се не "течело" лесно. Москва и Ленинград се спротиставиле на нападот. Во летото 1942 година, Хитлер одлучил како ќе заповедува со војската. Тој и наредил на војската да ја помине реката Волга и да го завземе градот Сталинград, кој тоа време имал околу 700.000 жители. На моќната германска дивизија на чело со генералот Фридрих Фон Паулус, и била дадена задачата за завземањето на Сталинград. Војниците биле ветерани од успешниот "блицкриг" во Холандија, Белгија и Франција. Хитлер ја потценил Црвената Армија. По почетокот на Операција Барбароса на 22 јуни 1941 година, тој мислел дека можел да ја порази Русија за 3 до 6 месеци. Но, по победата на Црвената Армија во Битката за Москва и силниот отпор на населението при опсадата на Ленинград, на Хитлер му станало јасно дека Советскиот Сојуз не може да биде лесно и брзо поразен. Сите зими во Втората Светска Војна биле екстремно студени, поради што Хитлер брзал со подготовките на германските вооружени сили за да го завземат Сталинград во летото 1942, бидејќи му станало јасно дека во зимски услови, Црвената Армија била надмоќна на бојното поле.

Битката[уреди]

На почеток на битката, Германците брзо се движеле. Времето било топло и германската војска лесно се движела низ руските степи. Ростов, на југ, паднал во рацете на германците на 27 јули 1942 година. Војската стигнала до последната препрека, реката Дон, која води до Сталинград и го успорувала "блицкригот". Сталинград и Волга се оддалечени 40 милји или околу 64 км. На Германците не им било тешко да ја преминат реката Дон, бидејќи немало никаков отпор. Тоа го одобрил Хитлер. Кога дознал дека Германците лесно ја преминале реката, мислел дека и лесно ќе го завземе Сталинград, верувајќи дека Русите бегаат, не знаејќи дека Сталин ги наредил нивната евакуација и палењето на нивните имоти и земја, се со цел ништо да не остане за германскиот окупатор.

21 август, 6-тата пешадиска дивизија се стационирала на источните брегови на реката Дон. За пoмалку од 2 месеца борба против германците, русите изгубиле околу 250.000 луѓе. Како што германците продирале до Волга, губитоците станувале се поголеми. Кога Сталин дознал каде одат германците и зашто, намерно ги повлекувал војниците на позиција која полесно се бранела. Истовремено возвраќал на нападите на германците. Русите го испратиле секој слободен човек на линија долга околу 64 км, која ги одвојува Волга и Дон. Како што германците се приближувале, Сталинград бил претворен во вооружен камп. Руските цивили копале ровови и изградувале замки за тенковите. Сталин забранил било каква евакуација од градот. Рекол дека војниците ќе се борат посилно за жив град, отколку за празен град. Германските сили дошле до предградијата на Сталинград доцна во август 1942 година. Нивните дивизии стигнале до Волга северно од градот и тргнале накај градот од југозапад. Тогаш германските воздухопловни сили извршиле тешко бомбардирање на градот, а артилеријата го сторила истото од земја. Додека Сталинград бил под напад на воздухопловните сили, германските трупи се приближувале до уништениот град. Целта на воздухопловните сили била до срамнат градот со земја. Посебно делот на градот каде што била развиена иднустријата, со неколку фабрики кои произведувале оружје. До септември русите не се откажувале од одбрана, а германците влегле во Сталинград. Две недели подоцна, германците ја завземале највисоката точка на градот, гробиштата познати како Мамаев Врв. Оттаму артилеријата и пешадијата можеле ги имале русите на нишан со голема прецизност. На 16 септември, два дена откако германците ги заземале гробиштата, 13-тата дивизија на Црвената Армија ја нападнала најтешката точка. Битката на гробиштата завземала подрачје од 500 м2. Битката била "човек на човек", и се водела секаде на брегот. Се војувало преку лешевите од претходните битки. 7000 руси погинале во битката.

Битката во Сталинград се водела повеќе против цивилите, отколку спрема војниците. Сталин наредил на луѓето да се борат за секој камен, куќа и улица.

На 19 ноември русите биле спремни за напад. Тенковите и оружјето биле спремни, наредувањето било дадено.

Преку милион руски војници, 894 тенкови и 1115 авиони брзале да ја уништат предолгата германска линија. Преку степите марширале околу 50.000 козаци.

Во следните 6 недели снајперистот Василиј Зајцев, убил околу 200 германци.

На 31 јануари фелдмаршалот Фридрих Паулус се предал на неговиот руски противник, генералот Василиј Чујков. Битката за Сталинград ја добиле Русите. Митот за непобедливоста на германската воена машинерија бил побиен од страна на Црвената Армија.

На 9 февруари 1943, францускиот писател и активен антифашист Жан-Ришар Блок, ги известил своите сонародници во Париз:

"...Слушајте парижани! Првите три дивизии кои го завзедоа Париз во јуни 1940, трите дивизии кои на покана на францускиот генерал Денц ја осквернавија нашата престолнина, стотата, сто и тринаесеттата и двестотини деведесет и петтата дивизија - не постојат повеќе. Уништени се кај Сталинград: Руска одмазда за Париз. Руска одмазда за Франција".

Наводи[уреди]

  1. This force grew to 1,600 in early September by withdrawing forces from the Kuban region and Southern Caucasus: Hayward 1998, p195
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Bergstrom2007.
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име hayward98.
  4. http://militarymaps.narod.ru/oper_1942.html#12
  5. http://wwii-soldat.narod.ru/OPER/ARTICLES/018-stalingrad.htm
  6. Россия и СССР в войнах ХХ века – Потери вооружённых сил, Russia and USSR in wars of the XX century – Losses of armed forces, Moskow, Olma-Press, 2001. in English [1]