Крап
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
| Крап | |
|---|---|
| Cyprinus carpio | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордови |
| Класа: | Зракоперки |
| Ред: | Краповидни |
| Фамилија: | Крапови |
| Родови | |
|
Abramis |
|
Крапот е риба која припаѓа на фамилијата Cyprinidae, живее во бавно проточни или непроточни води, така што претежно живее во долните текови на реките и во езерата. Таквите води (топли, со помало количество на кислород и побавно течение) се нарекуваат крапски или ципринидни води.
Исхрана [уреди]
Според начинот на исхрана краповите се сештојади. Храната ја собираат риејќи по дното, поради што можат да ја подадат устата, а имаат и мустаќи.
Размножување [уреди]
Се размножуваат во пролет, кога возрасните единки патуваат до подрачја погодни за мрестење. Тоа е обично плитка вода во помирни делови на реките или во поплавени зони. Во текот на парењето женката испушта голем број лепливи јајца врз водната вегетација.
Крапот е доста честа риба, а на многу места се одгледува за исхрана. Меѓутоа, голем проблем претставува пуштање на тие одгледувани крапови во природата, бидејќи тој се пари со дивите крапови, со што влијае врз нивната генетска структура.
