Религија во Ерменија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Верници во Ерменија
Православни
  
98%
Муслимани
  
0.3%
Јазидство
  
1%
Други
  
0.7%


Поголемиот дел од Ерменците се христијани, кое во Ерменија постои пред околу 1.700 години. Ерменија има своја црква, Ерменска апостолска црква. Христијанството има силно влијание во земјата. Освен Ерменската Апостолска црква, во Ерменија има и други помали верски заедници.

Христијанство[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Христијанство во Ерменија.

Ерменска апостолска црква[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Ерменска апостолска црква.
Mother See of Holy Etchmiadzin.jpg

Ерменската православна црква е една од Древноисточните цркви и една од најстарите христијански цркви. Според едно предание, таа била основана од страна на Апостол Вартоломеј и Апостол Тадеј. Историски била формирана од страна на светецот Григориј Просветител во 301 година, чијшто син Аристакес учествувал на Првиот Вселенски собор. Оваа црква се потпира на решенијата од првите три Вселенски собори и ја подржува христологијата на Свети Кирил Александриски. Веќе на Четвртиот Вселенски собор, ерменската апостолска црква не учествувала и не ги подржала односно признала решенијата од тој собор. Во периодот од 491 до 536 година конечно се оделила од Византија. Црквата има седум таинства, ја почитува Пресвета Богородица. Во нејзин склоп опстојуваат пет епархии во Америка, Европа, Азија и Австралија.

Римокатолизам во Ерменија[уреди]

Римокатоличката црква во Ерменија е дел од Римокатоличката црква, и е дел од духовното водство на папата во Рим. Нив во Ерменија ги има околу 110.000, што претставува околу 4% од вкупниот број на верници во земјата.

Други христијански вери[уреди]

Исто така, постојат мали заедници на Ерменците кои потекнуваат од различни протестантски вероисповеди, потоа Јехови сведоци, Црква на Исус Христос, според која се смета дека има околу 2000 верници.

Јудаизам[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Јудаизам во Ерменија.

Евреите имаат историско присуство во Ерменија. Во времето на Советскиот сојуз, Ерменија била сметена за една од најпознатите толерантни републики кон Евреите. Во моментов има околу 750 Евреи во земјата.

Ислам[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Ислам во Ерменија.
Сината џамија во Ереван

Исламскиот свет на Ерменија главно се состои од Азерите и Курдите. Во 2009 година, според Истражувачкиот центар Пју се смета дека помалку околу 1.000 жители на Ерменија се муслимани. [1]

Во текот на 1988-1991 година мнозинство од муслиманското население ја напуштило земјата, како резултат на Нагорно-Карабахската војна и тековниот конфликт меѓу Ерменија и Азербејџан. Еден од најпознатиот муслимански храм во Ерменија е Сината џамија во Ереван.

Јазидство[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Јазидство во Ерменија.

Околу 2% од ерменското население, претежно етнички Курди што живеат во западниот дел на земјата, припаѓаат на античките Јазиди. Многу Јазиди кои дошле во Ерменија и Грузија, за време на 19 век и почетокот на 20 век доживеале верски прогон.

Бахајство[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Бахајство во Ерменија.

Се смета дека бројот на верници на оваа религија во Ерменија е околу 1.400 [2] .

Наводи[уреди]