Религија во Португалија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Верници во Португалија
Римокатолици
  
84.5%
Други христијани
  
2.2%
Муслимани
  
0.33%
Евреи
  
0.07%
Други или неопределени
  
12%

Најголема религија во Португалија е Римокатоличката. Околу 84% од населението се католици, но само околу 19% присуствуваат редовно на неделните литургии. Сепак, голем број од Португалците сакаат да бидат крстени, оженети во црквата и слично[1].

Иако црквата и државата формално биле разделени за време на Првата Португалска република (1910-1926), со уставот од 1976 година, Римокатоличката црква продолжила да има голема улога во португалското општество и култура. Многу португалски празници, фестивали и традиции, имаат религиозно потекло. Иако црквата и државата се формално одвоени, Католичката црква се уште добива одредени привилегии во земјата.

Денеска, најголемиот дел од португалското население е римокатоличко односно 84.5% од вкупниот бој на населението се католици, а околу 2.2% припаѓаат на други христијански организации[2].

Наводи[уреди]