Религија во Бугарија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Верници во Бугарија
Православни
  
82.64%
Муслимани
  
12.20%
Римокатолици
  
0.55%
Протестанти
  
0.53%
Други
  
0.19%
Нерелигиозни
  
3.57%

Доминантна исповед во Бугарија е источното православие предводено од страна на Бугарската Православна Црква. За време на османлиското владеење на Балканот, исламот се етаблирал во Бугарија, а Римокатолизмот своите почетоци во земјата ги поставил во средниот век, додека пак протестантизмот пристигнало во 19 век.

Членот 13 од Уставот на Бугарија од 1991 година ја гарантира религиозната слобода на населението кое живее во истата земја, и исто така ја задолжува бугарската држава и институциите во неа да ги почитуваат принципите на религиозна неутралност. Мнозинство од жителите на Бугарија се христијани. Поголемиот дел од нив (82,6%) се православни, 1,7% се римокатолици, а 1,6% се протестанти. Што се однесува до помалите религиозни организации, од вкупниот број на верници, 12,2% се муслимани, а 0,8% се евреи.

Христијанство[уреди]

Податотека:AlexanderNevskiCathedral.jpg
Храмот Александар Невски во Софија, еден од најголемите православни храмови
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Христијанство во Бугарија.

Православие[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Православие во Бугарија.

Бугарската Православна Црква има 6,5 милиона верници во Бугариjа и мегу 1,5 и 2,0 милиони во Европската униja, САД и Австралиja и со 14 епархии - Варненска и Великопреславска, Великотрновска, Видинска, Врачанска, Доростолска, Ловчанска, Неврокопска, Плевенска, Пловдивска, Русенска, Сливенска, Софиска, Старозагорска и Загранични епархии: на САД и Австралиска, како и Западно и Средноевропска. Денес бугарски патријарх е Негово Светеjшество Максим - Патријарх Бугарски и Софиски владика.

Освен верници на Бугарската Православна црква, во Бугарија има членови и на Руската Православна црква, Украинската Православна црква, Романската Православна црква и Грчката Православна црква.

Во Бугарија, христијанството било воведено од страна на Борис I.

Католизам[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Католизам во Бугарија.

Корените на Римокатолизмот во Бугарија датираат од Средниот век. Денеска, најголемиот дел на Римокатоличките Бугари живее во Пловдивската област, центрирани околу Раковски, како и во некои села во северна Бугарија. Во времето на царот Калојан, бил склучен сојуз со Ватикан кое сепак не ја променила православна Бугарија.

Протестантство[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Протестантство во Бугарија.

Протестантизмот во своите различни форми во Бугарија се појавил во 19 век преку мисионерите кои главно потекнувале од САД. Според пописот од 2001 година, вкупно 42.308 лица се изјасниле дека протестанти од различни вероисповеди, за разлика од претходниот попис од 1992 година каде вкупно 21.878 се изјасниле дека се членови на оваа религија. Значителниот пораст на бројот на протестанти во последната деценија се должи поради големата сиромаштија која владее помеѓу Бугарските Роми, кои пак се директно финансирани или помагани од протестантската црква во Бугарија.

Ислам[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Ислам во Бугарија.

Исламот во Бугарија е застапен од страна на турското малцинство, на муслиманските Бугари и Ромите. Во земјата, исламот зел голем замав во времето кога истата била завладеана од страна на Османлиската империја. Следувал процес на исламизација на бугарското население. По создавањето на новата бугарска држава, голем дел од турското население ја напуштило земјата.

Денеска најголемите муслимански општества се наоѓаат во областа Крџали и Разградска област (главно Турци) и Смоенската провинција.

Јудаизам[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Јудаизам во Бугарија.