Религија во Норвешка
| Верници во Норвешка | ||||
|---|---|---|---|---|
| Протестанти | 83% | |||
| Римокатолици околу | 1.8% | |||
| Муслимани | 1.8% | |||
| Евреи | 0.5% | |||
| Хиндуисти | 0.5% | |||
| Други околу | 12% | |||
Религија во Норвешка е претежно протестантска (Евангелско-Лутеранска), со 82,7% од вкупниот број на населението на Норвешка. [1]Раните Норвежани, како и сите народи на Скандинавија, биле многубожници верувајќи во Нордиската митологија. Благодарение на напорите на христијанските мисионери, Норвешка била постепено христијанизирана. Тој процес започнал некаде во 1000 година, а завршил во околу 1150 година. Пред реформацијата, Норвежаните биле дел од Римокатоличката црква, но по 1536 година тие го примиле протестантството.
Исламот е втората најголема религија. Главната причина се гледа поради миграцијата во последните неколку години. Сепак, според пописите, во земјата живеат и голем број на нерелигиозни верници.
Според последната анкета спроведена од страна на Евробарометар во 2005[2]
- 32% од норвешките граѓани одговориле дека "веруваат во Бог односно дека тој постои".
- 47% одговориле дека "веруваат во некоја друга надприродна сила".
- 17% одговориле дека "не веруваат ниту во Бог ниту во некоја друга сила".
- 4% одговориле дека "не знаат".
Наводи [уреди]
- ↑ Statistics Norway, numbers from 2006
- ↑ „Eurobarometer on Social Values, Science and technology 2005 - page 9“ (PDF). http://ec.europa.eu/public_opinion/archives/ebs/ebs_225_report_en.pdf. проверено на 2007-05-05.