Религија во Грузија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верници во Грузија
Грузиска Православна црква
  
82 %
Руска Православна црква
  
2 %
Ерменска Православна црква
  
3,9 %
Католици
  
0,8 %
Муслимани
  
9,9 %
Други
  
1,3 %

Поради фактот што во Грузија живеат различни етнички заедници, соодветно на тоа во земјата има повеќе видови на религиозни организации.

Историја[уреди | уреди извор]

Грузија има долга историја на верската хармонија во рамките на своите граници, и покрај историските конфликти со околните народи. Во текот на својата историја, различни верски организации опстојувале на териториијата на денешна Грузија, проследени од верски дискриминации[1]. Еврејските заедници главно се населени во двата најголеми градови Тбилиси и Кутаиси. Азербејџанските групи, кои во главно се муслимани се концентрирани главно во новните автономни области во земјата. Ерменската Православна црква, која на некој начин се разликува од грузиската, има статус на афтокефална црква.

Според Уставот на Грузија, верски институции се одвоени од Владата и секој граѓанин има право на избор на религија. Во историјата, Евангелието било проповедано на овие простори од страна на Апостол Андреј, Апостол Симон и Апостол Матеј. Кавкаска Иберија официјално била христијанизирана во 326 [2] Света Нина од Кападокија. Грузиската Православна Црква, добила статус на афтокефална во 4 век за време на владеењето на кралот Вахтанг Горгасали[2].

Христијанство[уреди | уреди извор]

Денес, поголемиот дел од населението на Грузија се православни христијани, пред сè членови на Грузиската Православна Црква. Од нив (82%), околу 2% се припадници на Руската православна црква, околу 3,9% од населението Ерменската апостолска црква, од кои речиси сите се етнички Ерменци.

Католиците сочинуваат околу 0,8% од населението и главно се наоѓаат во јужниот дел на Грузија и еден мал број во Тбилиси.

Ислам[уреди | уреди извор]

Според информации на ЦИА, муслиманите се околу 9,9% од населението,[3] и главно се наоѓаат во регионоите на Аџарија и Долна Картли а ги има и во престолнинара Тбилиси.

Јудаизам[уреди | уреди извор]

Исто така, постои значителен број на Еврејско население во Тбилиси каде имаат изградено две синагоги.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Spilling, Michael. Georgia (Cultures of the world). 1997
  2. 2,0 2,1 Riassophore, Adrian monk. "A brief history of Orthodox Christian Georgia." Orthodox Word, 2006: p. 11.
  3. „CIA - The World Factbook - Georgia“. Архивирано од изворникот на 2015-10-16. Посетено на 2009-10-19.