Религија во Австрија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Верници во Австрија
Римокатоличка
  
68.50%
Протестанти
  
4.7%
Муслимани
  
4.2%
Други
  
3.50%
Неозначени
  
2.20%
Нерелигиозни
  
17.10%


Меѓу повеќето религии, како најзастапна во Австрија е Римокатоличката. Според пописот од 2001 година, 73,6% од населението на земјата се христијани. [1] Според податоци од крајот на 2005 година бројот на верници на Римокатоличката црква е околу 5.663.000 членови или 68,5% од вкупната популација на Австрија [2] Бројот на верници од Лутеранската црква е околу 5,7% од вкупниот број на верници. Поголемиот број Лутеранци живеат во провинцијата Корушка, Јужна Австрија. Во меѓувреме, бројот на муслиманите е во пораст, со 4,2%. Постојат и помали заедници на Хиндуисти, будисти и евреи и.т.н.[3][4]


Резултати од анкетата[уреди]

Црквата Свети Стефан во Виена

Според Евробарометар анкета од 2005 година, [5] :

  • 54% од австриски граѓани одговориле дека "веруваат оти Бог постои ".
  • 34% одговориле дека "тие веруваат дека постои некоја сила на духот или сила на животот".
  • 8% одговориле дека "не веруваат оти постои било кој вид на Бог, или сила".

Историја[уреди]

Австрија во голема мера била под влијание на Протестантската реформација, при кое мнозинство од населението станало протестантско. Но со почетокот на Контрареформацијата, католицизмот повторно станал како доминантна религија. Значајните еврејска популација (околу 200.000 во 1938 година), главно, престојувале во Виена, и истата била сведена на само неколку илјади во текот на масовната емиграција во 1938 (повеќе од 2 / 3 од еврејската популација емигрирала од 1938 до 1941 година), и по Холокаустот за време на нацистичкиот режим. Имиграција во последниве години, главно од Турција и поранешна Југославија, довела до зголемување на бројот на муслиманите и православните христијани. [6]

Наводи[уреди]