Религија во Холандија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Верници во Холандија
Римокатолици
  
26.6%
Протестанти
  
16.8%
Православни
  
0.1%
Муслимани
  
5.80%
Евреи
  
0.2%
Други
  
2.3%
Нерелигиозни
  
42.7%


Историски, Холандија се карактеризира со многубројни религии. Од средината на средниот век, Холандија била претежно христијанска земја до 20 век. Иако верската различност останува до денес, сепак постои голем пад на религиозна приврзаност.

Историја[уреди]

Холандија добила независност од Шпанија во 1648 година, по Осумдесетгодишната војна. Независноста била делумно од религиозен карактер. За време на реформацијата, Холандија станала анабаптистичка, менонитистичка и калвинистичка земја. Овие религиозни движења биле потиснати од страна на Шпанците, кои го поддржаа Контрареформацијата. По независноста, Холандија го прифатила калвинизмот како државна религија, но се практикува верска сакале да го наметнат католицизмот. По ослободувањето, земјата станала безбедна за еврејските и протестантските бегалци од Фландрија, Франција, Германија и Англија. На овие простори одсекогаш имало значајни разлики помеѓу православниот и либералниот Калвинизам: помеѓу Арминианизмот и Гомаризмот во 17 век, како и помеѓу Лутеранската и Холандиската Реформаторска црква 19 век. Католиците, кои доминирале во јужните провинции на земјата, не им било дозволено да ја проповедат својата религија отворено. Тие еманципирале за време на 19 век и 20 век, преку пиларизацијата, со формирање на сопствените социјални заедници. Во 20 век веќе започнал да опаѓа процентот на религиозните верници: повеќето од холандските евреи не го преживеале холокаустот, а во средината на 20 век, голем број од протестантските и католичките верници ја напуштиле црквата.

Сепак постои еден голем исклучок: бројот на исламски верници значително се зголемил, како резултат на имиграцијата. Како една од причините за намалувањето на бројот на верници се смета социјално-либералната политика кон абортусот, евтаназијата, проституцијата и бракот од ист пол. Од 2000 година постои зголемена свест на религијата, главно како резултат на муслиманскиот екстремизам.[1]

Христијанство[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Христијанство во Холандија.

Римокатоличка црква[уреди]

Римокатоличката црква во моментов е најголемата религиозна организација на Холандија, со околу 26,3% од вкупниот број на верници во земјата. Нејзиниот процент е драстично намален доколку се има предвид фактот што во 1970 година тој процент бил околу 40%. Бројот на католиците не само што е во опаѓање, но многу луѓе кои се идентификуваат како католиците, исто така, нередовно присуствуваат на неделните литургии. Помалку од 200.000 луѓе или 1,2% од населението на земјата ја посетуваат црквата во недела. [2]

Протестантската црква на Холандија[уреди]

Протестантската црква на Холандија (PKN) е најголемата протестантска деноминација во земјата, со околу 11.4% од вкупното население. Таа била формирана во 2004 година со соединувањето на двете најголеми протестантски цркви во земјата.

Ислам[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Ислам во Холандија.

Исламот во земјата е релативно нова и брзо растечка религија, според последната (КБС) статистика. Вкупниот број на муслимански приврзаници е околу 944.000 или 6% од населението [3]. Бројот на муслимани започнал да се зголемува по 1970-тите години, како резултат на имиграцијата од поранешни холандски колонии, Суринам, како и Индонезија, кои се муслимански земји, како и работниците мигранти од Турција и Мароко. Во текот на 1990-тите, Холандија ги отворила своите граници за бегалците од муслиманските земји како Сомалија, Ирак, Иран и Авганистан.

Јудаизам[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Јудаизам во Холандија.

Според некои податоци, се смета дека јудаизмот во земјата пристигнал пред христијанството. Поради неговата општествена толеранција, Холандија ги отворила границите за евреите кои биле прогонувани од цела Европа во текот на Втората светска војна. денеска, околу 0.02% од вкупното население на земјата се евреи.


Наводи[уреди]

  1. Knippenberg, Hans "The Changing Religious Landscape of Europe" edited by Knippenberg published by Het Spinhuis, Amsterdam 2005 ISBN 90-5589-248-3, pages 102-104
  2. according to the Catholic University of Nijmegen institute for ecclestical statistics (KASKI) in their 2007 annual statistical update of the Dutch catholic province. website
  3. Data drawn from 2007 SCP report page 34