Грб на Ерменија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Грб на Ерменија
Coat of arms of Armenia.svg
Подробно
Грбоносец непознато
Усвоен 19 април 1992
Челенка нема
Држачи орел и лав
Претходни варијанти 1918-1920, Демократска Република Ерменија

Грбот на Ерменија е официјалниот грб на државата кој се состои од орел и лав кои држат штит. Овој грб се состои од антички и модерни ерменски симболи, каде орелот и лавот биле симболи на ерменското кралство кое постоело уште пред ерата на Исус Христос. Денешниот грб бил усвоен на 12 април 1992 година.

Штитот се состои од неколку елементи, па така во средината се наоѓа планината Арарат со бродот на Ное на врвот. Околу планината се наредени симболи на ерменските династии.

Симболизам[уреди]

Орелот и лавот[уреди]

Орелот го држи штитот од левата страна, додека лавот го држи од десната. Орелот бил симбол на Арташесидската Династија, додека лавот е симбол на Багратунската Династија и подоцна на Рубенидската Династија. Двете животни биле избрани поради нивната моќ, храбротст, трпеливост, мудрост и благородништво во животинското кралство.

Петте витални елементи[уреди]

  1. Сабјата ја претстваува силата на нацијата и кршење на синџирите на окупацијата.
  2. Искршениот синџир ги симболизира напорите на нацијата за слобода и независност.
  3. Житото ја симболизира работливоста на Ерменците.
  4. Пердувот ги симболизира интелектуалното и културното наследство на Ерменците.[1]
  5. Лентата го симболизира знамето на Ерменија.

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]