Грб на Монако
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Грб на Монако | |
| Подробно | |
|---|---|
| Штит | вретенест (лозанж) сребрени и црвени |
| Држачи | Двајца калуѓери |
| Мото | латински: Deo Juvante |
| Ордени | Ред на Свети Карл |
Кнежевскиот грб на Неговата Светлост Кнезот Алберт II е неговиот властодржен грб како владетел на Монако.
Содржина |
[уреди] Особености
[уреди] Внатрешен дел
Средиштето на штитот се блазонира (т.е. со технички хералдички опис) како: „вретенест (лозанж) сребрени и црвени“.
[уреди] Надворешен дел
Калуѓерите кои играат улога на штитодржачи во грбот алудираат на освојвуањето на Монако во 1297 г., кога Франсоа Грималди влегол во градот со војници преоблечени како калуѓери, со мечови скриени под мантиите.
Околувратникот кој го окружува штитот го претставува Редот на Свети Карл.
[уреди] Мото
На грбот стои мотото на семејството Грималди, кое на латински гласи: Deo Juvante „Со Божја помош“.
[уреди] Наводи
- Velde, François. „Monaco“. „Heraldica“. http://www.heraldica.org/topics/national/monaco.htm. проверено на 25 март 2005.
[уреди] Видете исто така
|
|||||||||||||||||