Грб на Франција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Франција
Armoiries république française.svg
Подробно
Грбоносец  Франција
Усвоен 1912
Други елементи секира, даб, Ловоров венец

Сегашниот грб а Франција е симбол на републиката од 1953 година, иако нема никаков правен статус како официјален грб. Се појавува на пасошот на Франција а првобитно во 1912 година и усвоен од страна на Министерството за внатрешни работи на Франција за дипломатска употреба. Обединетите Нации во 1953 барале од Француске да го достави својот грб како би бил прикажан заедно со грбовите на другите земји, а посебна комисија одлучила овој грб кој што е од 1912 година да се прати како грб на Франција. При тоа не му е даден никаков официјален статус.

Технички речено, ова е амблем, затоа што не ги почитува хералдичките правила. Причината за тоа е што во Франција, хералдиката била сметана како аристократска уметност, поврзана со стариот, кралски режим.

Симболи[уреди]

  • Широкиот штит со глава на лав го носи монограмот RF, што претставува акроним за Француската република (француски: République Française).
  • Маслиновото гранче симболизира мир.
  • Дабовото гранче симболизира долговечност.
  • Сноп прачки со секирата ја симболизираат правдата (традиција на Рим, не на фашизмот).

Видете уште и[уреди]