Грб на Гибралтар
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Грб на Гибралтар | |
| Подробно | |
|---|---|
| Мото | латински: Montis Insignia Calpe Од планината наречена Калпе |
Грбот на Гибралтар е официјалниот грб на оваа територија на Обединетото Кралство усвоен на 10 јули 1502 година за време на шпанското владеење на градот.
Грбот се состои од штит кој има златни граници и во средината се наоѓа уште еден штит на кој има приказ на замок со три кули и златен клуч. Под штитот се наоѓа геслото на Гибралтар на латински: Montis Insignia Calpe или на македонски „Од планината наречена Калпе“. Клучот означува дека Гибралтар е клучот на Шпанија и Медитеранот, додека замокот потекнува од симболот на Кралството Кастиља.
