Грб на Кина

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грбот на Кина

Грбот (или државен амблем) на Народна Република Кина (кин. 中华人民共和国国徽) се состои од приказ на Тјенанменската порта, преку која се влегува во Забранетиот град од Тјенанменскиот плоштад во Пекинг, и е сместена во црвен круг. Над неа се распоредени петте ѕвезди од државното знаме. Најголемата ѕвезда ја претставува Комунистичката партија, а четирите помали ѕвезди ги претставуваат општествените класи според маоистичкото учење. Грбот „се состои од шарите од државното знаме“.[1] Овие елементи се опишани вака:

...Црвената боја на знамето ја претставува револуцијата, а пак жолтата кај ѕвездите ги претставува сјајните златни зраци кои зрачат од недогледната црвена земја. Четирите помали ѕвезди распоредени околу поголемата го симболизираат единството на кинескиот народ под водство на Комунистичката партија на Кина (КПК)

—Годишник на Кина за 2004 г.[2]

Надворешниот круг е обрабен со снопови жито и ориз, што маоистичката философија на земјоделска револуција. Во средината на долниот дел на рамката има запченик кој ја симболизира индустриската работничка класа.

Како целина овие елементи се предвидени да ја симболизираат борбата на кинескиот народ уште од времето на Четвртомајското движење, и здружувањето на пролетаријатот кој Народна Република Кина.

Грбот е дело на познатиот архитект Лианг Сиченг кој бил избран на конкурсот распишан при основањето на НР Кина, и дели очигледни сличности со грбот на СССР. Усвоен е на 20 септември, 1950 од страна на Централната народна влада.

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]