Комунистичка партија на Кина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Комунистичка партија на Кина
中国共产党
кинески name 中国共产党
Генерален секретар Си Ѓинпинг[1]
Постојан комитет на политбирото Си Ѓинпинг
Ли Кеќанг
Џанг Деѓанг
Ји Џенгшенг
Лиу Јуеншан
Ванг Чишан
Џанг Гаоли
Основана 1 јули 1921 (1921-07-01)
Штаб Џунгнанхај, Пекинг
Младина Сојуз на комунистичката младина на Кина
Млади пионери на Кина
Членови  (крај на 2012) 85.127.000[2]
Идеологија маоизам,
марксизам-ленинизам,
денгизам,
три претстави,
научен развој[3]
Меѓународна припадност Коминтерна (порано)
Меѓународна средба на комунистички и работнички партии
Национално народно собрание
2.099 / 2.987
Мреж. место
cpc.people.com.cn
Знаме
Flag of the Chinese Communist Party.svg
Политика на НР Кина
Партии
Избори
Народна Република Кина
National Emblem of the People's Republic of China.svg

Оваа статија е дел од серијалот:
Политика на Кина



други земји
 Портал „Политика“
XVII собрание на КПК во 2007 г

Комунистичката партија на Кина или КПК (кинески: 中国共产党; пинјин: Zhōngguó Gòngchǎndǎng) — државотворна и владејачка партија во Народна Република Кина. Иако формално владее во коалиција со Обединетиот фронт на други партии,[4] во практика, КПК раководи со земјата во еднопартиски систем,[5] запазувајќи ја унитарноста на управата и централизмот на државата, војската и медиумите.[6] Правото на владеење на партијата е втемелено во уставот на државата, и истата е поставена над законот, што се должи на нејзините ленинистички корени.[6][7] Тековен партиски водач е Си Ѓинпинг,[1] кој е на функцијата Генерален секретар на Централниот комитет.

Во текот на нејзината историја како владејачка партија, покрај официјалниот марксизам-ленинизам, во партијата постојат и неоформални табори со олигархиски карактер што застапуваат потрошувачки и неолиберални гледишта, како и левичарски табори што ѝ го оспоруваат правото на партијата и другите табори.[8]

Партијата е основана во јули 1921 г. во Шангај.[9][10][11] По долготрајната граѓанска војна, КПК извојувала победа над Куоминтангот и во 1949 г. завладеала со цела континентална Кина.[12] Куоминтангот се повлекол на островот Тајван, со кој владее и денес.

Историјата на партијата пред и по основањето на НР Кина бележи разни борби за превласт на идеологиите, од кои најдраматична е деструктивната Културна револуција. Во прво време партијата членувала во Коминтерната, но во 1960-тите дошло до идеолошко разидување со Комунистичката партија на СССР и раскинување на меѓусебните врски. Во следниот период, партиската идеологија доживеала преобразба под водство на Денг Сјаопинг, усвојувајќи го моделот на пазарна економија, што овозможил силен и долготраен економски раст и развој.[13]

КПК е најголемата политичка партија на светот,[14] со повеќе од 80 милиони членови[15] кон крајот на 2010 г. или 6,0% од населението. Речиси сите функционери и чиновници во државната и воената управа се членови на партијата.[16] Почнувајќи од 1978 г., партијата настојува да ги институционализира сите политички промени, обраќајќи големо внимание на целовидноста на структурата. Денес таа полага особено значење на единството во партијата, избегнува секакви јавни судири и функционира по пат на отворен демократски централизам.

Организација[уреди]

Организациската структура на партијата доживеала колапс за време на Културната револуција, пред да биде повторно изградена од Денг Сјаопинг, кој го вратил државниот апарат во рацете на партијата.

Во теорија, највисокиот орган на партијата е Националниот конгрес на КПК, кое се состанува барем еднаш на пет години. Најважни органи уредени со уставот на партијата се:

Организации во надлежност на Централниот комитет[уреди]

Други централни организации во непосредна надлежност на Централниот комитет на партијата се:

Покрај ова, постојат разни одбори и предводни групи со партиска и државна надлежност. Во нив членуваат повисоките државни функционери заклучно со претседателот и премиерот. Најважни се:

  • Комисија за политички и законодавни работи на ЦК на КПК;
  • Централна предводна комисија градење на духовна цивилизација (пропагандна комисија);
  • Централен одбор за опфатно раководење со општествениот поредок;
  • Државен одбор за реформи во јавниот сектор;
  • Централна предводна група за финансови работи;
  • Централна предводна група за финансово-економски работи;
  • Централна предводна група за тајвански работи;
  • Централна предводна група за надворешни работи;
  • Централна предводна група за државна безбедност;
  • Централна предводна група за рурални работи;
  • Централна предводна група за градење на партијата;
  • Централна предводна група за пропагандно-идеолошки работи;
  • Централна предводна група за борба против порнографијата и протизаконските изданија;
  • Централна предводна група за спречување на и справување со отстапничките организации (особено Фалун Гунг);
  • Централна предводна група за запазување на стабилноста;
  • Централна предводна група за системски реформи во културата;
  • Централна предводна група за хонконшки и макајски работи;
  • Централна предводна група за борба против митото;
  • Централна предводна група за заштита на партиските тајни;
  • Централна предводна група за унапредување на партиската организација меѓу народот и обука на партиските членови;
  • Централна предводна група за работа со Тибет;
  • Централна предводна група за работа со Синѓанг;
  • Централна предводна група за противкорупциско воспитување.

Секои пет години партијата свикува Национален конгрес со две формални функции: да разгледува и усвојува измени во уставот на партијата и да избира Централен комитет со околу 300 члена. Централниот комитет пак, ги избира членовите на Политбирото. Во практика, составот на Централниот комитет и Политбирото се определува пред свикувањето на собранието, а главната цел на самото собрание е да ги објави целите и плановите на партијата за следните неколку години.

Центарот на моќта во партијата е содржан во Постојаниот комитет на Политбирото. Членовите на овој комитет и Политбирото се определуваат зад затворени врати вон собранието. Новиот состав на врховното раководство се објавува на заобиколен начин преку распоредот на портретите во партиското гласило „Народен дневник“. Бројот на членови на Постојаниот комитет се разликува во зависност од мандатот, со тенденција на зголемување.

Постојат уште две партиски организации од клучно значење: формалната управа (влада) и Народната ослободителна армија (вооружените сили на Кина). Главните органи што вршат надзор и контрола на војската се Централниот воен комитет и Општото политичко одделение.

Покрај нив, постојат советодавни комитети како Народното политичко советодавно собрание.

Табори[уреди]

Според стручната јавност, партијата има два табора.[18] Едниот е наречена „Шангајска клика“ или „Елитисти“ и се состои од функционери што дошле на позициите од понапредните покраини. Другиот се нарекува „Народна клика“ и се состои од функционери што се издигнале во хиерархијата претежно од руралната внатрешност, преку учество во Сојузот на комунистичката младина на Кина. Помали неформални групи се „Чингхуа“ и погрдно наречените „Престолонаследници“, кои се деца или роднини на претодни функционери. Двата табора се надополнуваат и имаат свои стручности и не дозволуваат соперништвото да ѝ наштети на партијата. Ова е постигнато благодарение на мошне претпазливиот пристап за да се добие рамнотежа помеѓу таборите. Ваквата поставеност на власта се нарекува „една партија, два табора“.

Дисциплина[уреди]

Установата задолжена за борба против корупција е Централната комисија за дисциплинска инспекција, која врши истрага и ги гони осомничените во доверливи услови. Нејзините овластувања и надлежности се независни од редовната полиција и редовното судство бидејќи така би подлежеле на влијанија и ургенции од локалните кадри. Во методите спаѓаат силни притисоци и закани од физички и психолошки карактер. Системот е многу успешен во борбата против корупцијата, отстранувајќи голем број на корумпирани функционери, меѓу кои и некои многу моќни државници.[19]

Историја[уреди]

Местото каде се одржалo првиот собрание (конгрес) на КПК (јули 1921) во Шангај.
Пано во чест на Денг Сјаопинг и неговата замисла за Кина.

Партијата води потекло од Четворомајското движење (1919), со кое интелектуалците усвоиле радикални идеологии како анархизмот и комунизмот.[20] Идеологијата на КПК претрпела големи измени од нејзиното основање и доаѓање на власт во 1949 г. до денес. Револуцијата на Мао Цетунг на која почивала партијата номинално се засновала на марксизам-ленинизам со осврт на руралните подрачја како главна проблематика во земјата во тоа време. Во текот на 1960-тите и 1970-тите, партијата претрпела голем идеолошки пресврт и ги раскинала врските со Комунистичката партија на СССР под водство на Никита Хрушчов и Леонид Брежнев. Според тогашната Маова селанска идеологија, државата треба да биде под „постојана и непрекината револуција со диктатура на пролетаријатот“. По успехот на социјалистичката револуција, на дневен ред дошла културата во земјата, доведувајќи до Културната револуција. Овој спој на идеи подоцна е наречен маоизам, силна идеологија во противположба на советскиот „марксистички ревизионизам“.

Меѓутоа, по смртта на Мао во 1976 г., новиот водач Денг Сјаопинг покренал темелни економски реформи, воведувајќи „социјализам со кинески карактеристики“.[21] Отфрлајќи ги „крајно левичарските“ елементи од маоизмот, Денг ги предводел реформите со тврдењето дека социјализмот не е спротивен на и нескладен со пазарната економија. Системот останал еднопартиски и авторитарен, но промените во политиката донеле значаен економски раст и развој.[22] Меѓутоа, самата идеологија се судрила со маоистите и прогресивните либерали. Овие несогласување, заедно со други општествени фактори, довеле до познатите протести на плоштадот Тјенанмен во 1989 г. Денговата замисла за успешни економски остварувања и новиот социјалистички пазарен модел биле усвоени и втемелени во уставот на партијата од 1997 г. како идеологијата денгизам.

Раководството од „третото поколение“ на чело со Џанг Цемин, Џу Женгџи и нивните колеги продолжиле да ја водат земјата според начелата на денгизмот, дополнета со повторното заживување на кинескиот национализам во 1990-тите и негово неформално прифаќање како начело на партијата. Како дел од Џанговата оставнина, во 2003 г. партијата ги усвоила неговите „три претстави“ како идеолошки начела, каде се бара партијата да ги претставува (застапува) „напредните производни сили, прогресивната насока на кинеската култура и фундаменталните интереси на народот.“ Постојат различни толкувања за овие начела, меѓу кои и она со кое се дава легитимитет навлегувањето на олигарси во партијата.

Постојаната и исклучива насоченост кон економскиот развој довела до најразлични сериозни општествени проблеми. Раководството од „четвртото поколение“ предводено од Ху Ѓинтао и Вен Џабао стапило на сцената во 2003 г. со обид да го измени овој неповолен тренд со мешан пакет од економско-социјални мерки. Оваа нова идеологија подразбирала создавање на „социјалистичко складно општество“ преку концептот на научен развој.

Со текот на економската либерализација, моќта на партијата врз државата постепено се намалувала. Со сите меѓувремени измени, денешната КПК нема многу сличности со начелата на нејзините основачи. Во 2000-тите, партиското раководство ја разгледуало можноста за отфрлање на поимот „комунистичка“ од името на партијата, но решиле да не ја направат ваквата промена, плашејќи се дека ќе има одметнати политичари што ќе основаат нова комунистичка партија.[23] Највеќето комунисти денес ја осудуваат КПК како капиталистичка. Особено спротиставени на нејзината политика се антиревизионистите и приврзаниците на Кинеската нова левица во рамките на самата партија.

КПК раководи со земјата во еднопартиски систем на управување, со тоа што постојат и други партии, кои одговараат на Одделението за работа со Обединетиот фронт и не се независни и опозициски. Опстојувањето на еднопартискиот систем се делумно должи на антиколонијалната и „народноослободителна“ историска улога на партијата, како и поради искуствата од масовните безредија и уништувања за време на Културната револуција, кога политичката клима била јасно спротиставена на партијата.[23]

Тековно раководство[уреди]

Членовите на Постојаниот комитет на Политбирото на ЦК на КПК се:

Бр. Слика Информации Партиски функции Функции
I
[24]
Си Ѓинпинг
Име Си Ѓинпинг Генерален секретар на ЦК на КПК
Претседател на Централниот воен комитет на КПК
Претседател на НР Кина
Претседател на Централниот воен комитет на НР Кина
Родно место Сиченг, Пекинг
Пратеник од Шангај
Членува од 22 октомври 2007
II
[24]
Име Ли Кеќанг Партиски секретар на Државниот совет на НР Кина Премиер на Државниот совет на НР Кина
Родно место Дингјуен, Анхуеј
Пратеник од Шандунг
Членува од 22 октомври 2007
III
[24]
Џанг Деѓанг
Име Џанг Деѓанг Партиски секретар на Постојаниот комитет на Националното народно собрание Претседател на Постојаниот комитет на Националното народно собрание
Родно место Тајан, Љаонинг
Пратеник од Џеџанг
Членува од 15 ноември 2012
IV
[24]
Ји Џенгшенг
Име Ји Џенгшенг Партиски секретар на Националниот комитет на Народното политичко советодавно собрание Претседател на Националниот комитет на Народното политичко советодавно собрание на Кина
Родно место Шаосјинг, Џеџанг
Пратеник од Хубеј
Членува од 15 ноември 2012
V
[24]
Лиу Јиншан
Име Лиу Јиншан Прворангиран Секретар на Секретаријат на ЦК на КПК
Претседател на централната предводна комисија за изградба на духовна цивилизација
Претседател на Централното партиско училиште на КПК
 
Родно место Бајрак Десен Тумед, Внатрешна Монголија
Пратеник од Внатрешна Монголија
Членува од 15 ноември 2012
VI
[24]
Ванг Чишан
Име Ванг Чишан Секретар на Централната комисија за дисциплинска инспекција  
Родно место Тјанџен, Шанси
Пратеник од Пекинг
Членува од 15 ноември 2012
VII
[24]
Џанг Гаоли
Име Џанг Гаоли Заменик-партиски секретар на Државниот совет на НР Кина Прв вицепремиер на Државнот совет на НР Кина
Родно место Џинџанг, Фуџен
Пратеник од Тјенѓин
Членува од 15 ноември 2012

Членови на Политбирото на ЦК на КПК:

Members of the Секретаријат на ЦК на КПК:

Водачи на партијата[уреди]

Портрет на Мао Цетунг над влез во Забранетиот град.

Од 1921 до 1943 г. на чело на партијата стоел Генерален секретар на КПК:

Во 1943 г. е создадена функцијата Претседател на КПК.

Во 1982 г. е укината функцијата „претседател“ и функцијата генерален секретар (која ја извршувало истото лице) повторно станала врховна.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  • McGregor, Richard. The Party: The Secret World of China's Communist Rulers. Harper Perennial: New York, 2012. ISBN 978-0-06-170876-3.
  • Yoshihiro, Ishikawa. The Formation of the Chinese Communist Party translated by Joshua A. Fogel (Columbia University Press; 2012) 503 pages; A study of the party's creation that documents its foreign associations; draws on newly released documents in Chinese, Japanese, and Russian.
  1. 1,0 1,1 „China's new leaders“. BBC. 2012. http://www.bbc.co.uk/news/world-asia-china-20308542. 
  2. http://www.gov.cn/jrzg/2013-06/30/content_2437360.htm
  3. http://english.cpc.people.com.cn/206972/206981/8188065.html
  4. 'New Approaches to the Study of Political Order in China', Donald Clarke, Modern China, 2009
  5. Goodman, David S. G.; Segal, Gerald. „China deconstructs: politics, trade, and regionalism“. Psychology Press. стр. 48. ISBN 978-0-415-11833-0. 
  6. 6,0 6,1 Ralph H. Folsom, John H. Minan, Lee Ann Otto, Law and Politics in the People's Republic of China, West Publishing (St. Paul 1992), стр. 76–77.
  7. Susan V. Lawrence & Michael F. Martin, "Understanding China’s Political System", Congressional Research Service. 10 мај 2012. стр 2.
  8. Politics in China: An Introduction. Oxford, England, UK: Oxford University Press, 2010. стр. 159–161.
  9. „China Information: The Communist Party of China (CPC)“. „China Today. http://www.chinatoday.com/org/cpc/. конс. 29 октомври 2010. „Комунистичката партија на Кина (КПК) е основана на 1 јули 1921 г. во Шангај, Кина.“ 
  10. Tatlow, Didi Kirsten. „On Party Anniversary, China Rewrites History“, „New York Times“, 20 јули 2011 (конс. 21 јули 2011). „Според службените документи, вистинскиот ден на основање на партијата е 23 јули 1921 г.“
  11. Hu warns Chinese Communist Party“, BBC, 1 јули 2011 (конс. 21 јули 2011). „Иако годишнината се одбележува во петок, партијата го одржала првото собрание на 23 јули.“
  12. Gay, Kathlyn. [2008] (2008). 21st Century Books. Mao Zedong's China. ISBN 0-8225-7285-0. стр. 7
  13. „EPP“. http://www.enrichprofessional.com/home/. конс. 18 април 2012. 
  14. Jayshree Bajoria, The Communist Party of China, Council of Foreign Relations backgrounder, 12 октомври 2007
  15. „Xinhua – China's Communist Party members exceed 80 million“. News.xinhuanet.com. 24 јуни 2011. http://news.xinhuanet.com/english2010/china/2011-06/24/c_13947698.htm. конс. 13 април 2013. 
  16. „CCP celebrates its 90th anniversary“. „Talking Points, 10–20 јули 2011“. USC US-China Institute. http://china.usc.edu/ShowArticle.aspx?articleID=2461. конс. 24 јули 2011. 
  17. „Images of GO CPC in Session“. China.org.cn. 12 март 2006. http://www.china.org.cn/english/2006/Mar/161216.htm. конс. 13 април 2013. 
  18. „Uchicago.edu“ (PDF). http://chicagosociety.uchicago.edu/china/coverage/PoliticsPanel.pdf. конс. 13 април 2013. 
  19. Andrew Jacobs. „Accused Chinese Party Members Face Harsh Discipline“, 14 јуни 2012 (конс. 15 јуни 2012).
  20. Dirlik, Arif (1993). „Anarchism in the Chinese Revolution“. University of California Press. стр. 16. 
  21. „NewChina“. http://www.enrichprofessional.com/home/. конс. 18 април 2012. 
  22. ReformingChina. http://books.google.com/books?id=LuLYSAAACAAJ&dq=Enrich+Series+on+China%27s+Economic+Reform&hl=en&sa=X&ei=nDaPT-7aDMioiQKv8-X7Ag&ved=0CD0Q6AEwAQ. конс. 18 април 2012. 
  23. 23,0 23,1 Brown, Archie (2009). „The Rise and Fall of Communism“. HarperCollins. стр. 325–329, 586, 606, 612–613. 
  24. 24,0 24,1 24,2 24,3 24,4 24,5 24,6 „Новите кормилари на Кина“. Xinhua. 15 ноември 2012. http://news.xinhuanet.com/english/special/18cpcnc/2012-11/15/c_131977176.htm. конс. 17 ноември 2012. 

Надворешни врски[уреди]