Грб на Непал

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грб на Непал.


Грбот на Непал е официјален грб во оваа азиска држава. Денешниот дизајн на грбот го заменил претходниот кралски грб по Непалската граѓанска војна на 30 декември 2006 година.

Грбот на Непал е составен од бела силуета на картата на државата, каде во позадина се наоѓа венец од националното цвеќе, родендрон. Во подножјето на венецот се наоѓаат две раце, машка и женска, во ракување што ја симболизира родовата еднаквост во земјата на жолта позадина што го симболизира регионот Терај. Во внатрешноста на венецот се наоѓа приказ на Хималаите и зелените ридови на Непал. На врвот се наоѓа знамето на државата. Под грбот се наоѓа лента со санскритски натпис:[1]

अपि स्वर्णमयी लंका न मे लक्ष्मण रोचते ।
जननी जन्मभूमिश्च स्वर्गादपि गरीयसी ।।

или на македонски:

Не се грижам за Ланка, Лакшмана, дури и да е направена од злато.
Мајката и татковината на еден човек се повредни дури и од небото


Овој текст се поврзува со Рама, кога го посетил неговиот брат Лакшмана и кога изразил желба да остане во Ланка.[2]

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]