Грб на Бангладеш

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грб на Бангладеш.

Националниот грб на Бангладеш е официјален грб во државата кој бил усвоен набрзо по независноста на републиката. Грбот е составен од приказ на воден лилјан кој е опколен од оризов венец. Над лилјанот се наоѓаат четири ѕвезди и три поврзани листа. Водниот лилјан е национален симбол или национално цвеќе на државата и ги претставува многуте реки во Бангладеш. Оризот ја симболизира храната и земјоделството во државата. Четирите ѕвезди ги претставуваат: национализам, секуларност, социјализам и демократија. Врз овие се базира уставот од 1972 година.