Водни лилјани
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Водни лилјани Фосилен опсег: Рана Креда - денес |
|
|---|---|
| Бел воден лилјан (Nymphaea alba). | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Plantae |
| Оддел: | Angiospermae |
| Класа: | види во текстот |
| Ред: | Nymphaeales |
| Фамилија: | Nymphaeaceae Salisb. (1805) |
| Родови | |
Водните лилјани се членови на фамилијата Nymphaeaceae. Сите живеат во слатките води во умерените и тропските области во светот. Фамилијата содржи 8 родови. Постојат околу 70 видови на водни лилјани. Родот Nymphaea содржи околу 35 видови распространети низ северната хемисфера. Родот Victoria се состои од два вида на џиновски водни лилјани и може да се најде во Јужна Америка. Водните лилјани се вкоренети во почвата на дното од водното тело, а листовите и цветовите пловат по водната површина. Листовите се округли, радијални кај Nymphaea и Nuphar и целосно заоблени кај Victoria.
[уреди] Морфологија
Стеблата на водните лилјани поседуваат распрскани спроводни снопчиња, воздушни канали, латицифери (секреторни клетки) и стелатни, односно ѕвездовидни лушпи (склереиди). Некои претставници имаат многу нежни и кршливи стебла и листови, како што е видот Nymphaea odorata. Присутни се голем број на алкалоиди.
Цветовите се хермафродитни. Венечните ливчиња се 4 до 12 на број, при што може да се одделни или сраснати. Бројот на прашниците изнесува 3 или многу повеќе. Највнатрешните прашници може да се стерилни (стаминодии), додека филаментите на прашниците се слободни или сраснати. Поленот е моносулкатен или инапертуратен. Плодните листови се 3 или повеќе на број. Плодникот е натцветен или потцветен. Плацентацијата е париетална (што значи дека семеновите зачетоци се прикрепени за ѕидот на плодникот), додека бројот на семеновите зачетоци најчесто е 1, но може и да е повеќе. Плодот може да биде збир од оревчиња, бобинка или дехисцентна месеста капсула (капсула која спонтано распукнува при расејувањето на семето).
[уреди] Систематика
Родот Barclaya понекогаш се сместува во посебна фамилија - Barclayaceae, врз основа на издолжената околуцветна цевка (збир на чашкини и венечни ливчиња кои се издигнуваат од врвот на плодникот и од прашниците кои се споени во основата). Но, скорешните истражувања сепак го класифицираат во Nymphaeaeceae.
Во минатото, во оваа фамилија се вклучувал и таксонот Cabombaceae, но најчесто тој се смета за посебна фамилија во истиот ред (Nymphaeales). Исто така, и фамилијата Nelumbonaceae некогаш била дел од водните лилјани, но со истражувањата се покажа дека претставниците се всушност силно изменети еудикоти во редот Proteales. Редот Nymphaeales е еволутивна линија која е одделна од монокотиледоните или еудикотите (вистинските дикотиледони).
Сегашната филогенетска позиција на редот во кој припаѓа оваа фамилија е:
| Angiospermae |
|
||||||||||||||||||||||||||||||