Вавилонска кула

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Вавилонската кула - опфаќа две преданија за Вавилон, според Библијата:

  • градење на градот Вавилон и подигање на Вавилонската кула;
  • помешување на јазиците и распространување на човештвото.

Кулата според Библијата[уреди]

Смешување на јазиците - Густав Доре

Според Библијата по Потопот[1], човечкото општество го претставувало еден народ, кој народ говорел на еден јазик. Од исток народот се насочил кон земјата Сенар (на долниот тек на Тигар и Еуфрат), и го изградиле градот (Вавилон) и една висока кула до небото «за да си создадаат свое име». Градбата на кулата била прекратена од страна на Бог, кој го "помешил" јазикот на народот, поради кое тие престанале да се разбираат еден помеѓу друг. Народот на Вавилон не можел да продолжат со изградбата на кулата бидејќи се распрснале по целата земја што дотогаш ја познавале. Така историјата за вавилонската кула ја објаснува појавата на различните јазици по Потопот. Овие податоци датираат околу 2 000 години п.н.е.. Самата градба има многубројни митологични паралели.

Кулата според јудаизмот[уреди]

Многу иследувачи легендата за градбата на вавилонската кула ја поврзуваат со изградбата на храмови-кули во овој регион. Кулите се исто така нарекувани и зикурати. Врвовите на самите кули служеле за религиозни обреди како и за астрономски истражувања. Вавилонската кула претставува највисокиот зикурат (91 метри), кој се наоѓал во Вавилон. Кулата се нарекувала Етеменанки односно «дом, помеѓу небото и земјата». Асирскиот цар Синахериб во 689 година п.н.е. го преземал Вавилон и Етеменанки започнал да се руши. Зикуратот бил повторно обновен во времето на Навуходоносор II. По уништувањето на Јудеа, евреите се преселиле во Вавилон. И покрај тоа што до ден денеска не е докажано, се смета дека самите евреите учествувале во градбата на вавилонската кула. Самата градба на вавилонската кула е поврзано со негативниот однос на евреите кон Вавилон како и тогашното гледиште на населението на Вавилон за што е можно повеќе доближување до Бог. Градот во текот на столетијата бил политички и воен противник на евреите. Во Библијата Вавилон станал симбол на гревот.

Занимливости[уреди]

Зградата на Европскиот парламент е поврзана со формата на неизградената вавилонска кула. Многу Христијани овој факт го гледаат кон стремежот на Европјаните кон бунт со Бога.

ЕУ исто така многу често се поврзува со Вавилонската кула поради постоењето на многу официјални јазици (23 од 1 јануари 2007), со кое дополнително се создаваат проблеми во комуникацијата.

Наводи[уреди]