Кизил (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кизил
Kızılırmak
Река
Кизил кај Искилип
Земја Турција
Притоки
 - леви Деврез, Ѓок
 - десни Делиџе
Градови Сивас, Киршехир, Крккале
Извор
 - место Имранли, Sivas Province
 - височина 2.000 м
 - координати 39°48′ СГШ 38°18′ ИГД / 
Утока Црно Море
 - местоположба Бафра, Самсун
 - височина м
 - координати 41°44′04″ СГШ 35°57′23″ ИГД / 
Должина 1.355 км
Сливот на Кизил
Сливот на Кизил
Службен назив: Делта на Кизилирмак
Прогласено: 15 април 1998 [1]

Кизил или Кизилирмак (турски: Kızılırmak = „Црвена Река“), во антиката наречена Халис (старогрчки: Ἅλυς) — најдолга река во Турција што извира и завршува во земјата. Искористена е за хидроенергетски потреби и наводнување на оризови полиња, но не е пловна.

Географија[уреди]

Реката е долга вкупно 1.355 км.[2] Извира во Источна Анадолија и тече на запад, свртува на југозапад, па образува широк лак. Продолжува на запад, па на северозапад, минувајќи североисточно од езерото Туз, а потоа на север и североисток, каде ѝ се придружува големата притока Делиџе. Тече цик-цак до утоката на реката Деврез, а потоа назад кон североисток, се соединува со реката Ѓок и завршува во Црното Море (41° СГШ 35° ИГД /  ). На Кизил се изградени браните „Бојабат“, „Алтанкаја“ и „Дербент“.

Историја[уреди]

Хетитите реката ја нарекувале Мараш-шантија, и ја исцртувала западната граница на нивната татковина. Во класичната антика, Кизил претставувал граница помеѓу Мала Азија и остатокот од Азија, како и меѓу Понт и Пафлагонија. Крај реката се одиграла Битката кај Халис (28 мај 585  г. п.н.е.)[3] како погранично подрачје помеѓу Лидија на запад и Медија на исток. Ова важело сè додоека лидискиот цар Крез не ја преминал реката во походот против Кир Велики во 547 г. п.н.е. Крез ја изгубил војната, и Персија се проширила сè до Егејското Море.

Наводи[уреди]

  1. „Список на рамсарски места“. Ramsar.org. http://www.ramsar.org/cda/en/ramsar-documents-list/main/ramsar/1-31-218_4000_0__. конс. 13 април 2013.  (англиски)
  2. Turkish Statistical Institute (2011). „Land and Climate“. „Turkey in Statistics 2011: The Summary of Turkey’s Statistical Yearbook, 2011“. стр. 2. http://www.turkstat.gov.tr/Kitap.do?metod=KitapDetay&KT_ID=0&KITAP_ID=5. 
  3. Наречена и Битка на затемнувањето. Ова е најраната битка чиј ден на случување може да се утврди со точност поради затемнувањето на сонцето, кое нагло ставило крај на борбата.

Надворешни врски[уреди]