Рамсарска конвенција

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Рамсарска конвенција
Конвенција за водните живеалишта од меѓународна важност, особено за водните птици'
{{{image_alt}}}
Лого
Потпишан 2 февруари 1971
Место Рамсар, Иран
На сила од 21 декември 1975
Услов Ратификација од 7 држави
Странки 168
Чувар Ген. директор на УНЕСКО
Јазици англиски, француски, германски и руски
Дојранското Езеро е рамсарско место

Рамсарска конвенција (полн назив: „Конвенција за водните живеалишта од меѓународна важност, особено за водните птици“) — меѓународен договор за заштита и одржливо користење на водните живеалишта[1] со цел да се спречи нивното уништување и да се нагласи нивната еколошка стопанска, културна, научна и рекреативна вредност. Наречена е по градот Рамсар во Иран, каде е потпишана во 1971 г.

Македонија има две рамсарски места: Преспанското и Дојранското Езеро.[2] Во 1994 г. е основан и Македонскиот рамсарски комитет.[3]

За конвенцијата[уреди]

Конвенцијата е осмислена и усвоена од 21 држава на собирот во градот Рамсар на 2 февруари 1971 г., чиј домаќин било Министерството за животна околина на Иран. Стапила на сила на 21 декември 1975 г.

На 2 ноември 2013 г. постоеле 2.168 рамсарски места во 168 држави. Местата имаат вкупна површина од 206.632.105 хектари. Највеќе заведени места има Велика Британија (169), а најголем удел по површина има Канада (130.000 км²). Дефиницијата за водно живеалиште е прилично широка: морски подрачја не подлабоки од 6 м при осека, мочуришта, езера, езерца, оризарници и солани.[4]

Потписниците се состануваат на секои три години, почнувајќи од 1980 г. Досега на собирите се усвоени два амандмана во 1982 и 1987 г.[5]

Организацијата има постојан комитет, стручен одбор и секретаријат. Седишето се наоѓа во Гланд, Швајцарија, во кое е сместен и Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП). Соработува со разни еколошки организации за подобар успех во делувањето.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Матична страница на Рамсарската конвенција (англиски) конс. 10 јули 2011
  2. Список на рамсарски места, 24 октомври 2013 (англиски)
  3. За друштвото — Друштвото за проучување и заштита на птиците на Македонија (ДПЗПМ)
  4. Viney, Michael (2013). „We're a wet country“. Irish Times. http://www.irishtimes.com/newspaper/weekend/2013/0209/1224329818325.html. конс. 9 февруари 2013. 
  5. Рамсар: Кратка историја (англиски) конс. 7 ноември 2009

Надворешни врски[уреди]