Синдски јазик

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Синдски јазик
سنڌي / सिन्धी
Sindhi.svg
Застапен во Синд, Пакистан и Куч, Индија.
Подрачје Јужна Азија
Говорници 25 милиони  (2007)[1]
Јазично семејство
Писмо арапско писмо, деванагари, кудабадско писмо, ланда, гурмуки[2]
Статус
Службен во  Пакистан (Синд)
 Индија
Регулативен орган Синдски јазичен орган (Пакистан),
Индиски институт за синдологија (Индија)
Јазични кодови
ISO 639-1 sd
ISO 639-2 snd
ISO 639-3 Разни:
snd — синдски
lss — ласки
sbn — синдско-билски

Синдскиот (سنڌي / सिन्धी) е индоариски јазик, дел од групата на индоирански јазици од семејството на индоевропски јазици. Јазикот е мајчин јазик на Синдите, автохтон јазик на историскиот регион Синд и официјален јазик на пакистанската покраина Синд. Исто така, јазикот има официјален статус во Индија.

Синдскиот јазик претрпел посилно влијание од јазикот санскрит, поточно некогашната негова локална форма,но и од белуџискиот јазик. Повеќето од Синдите се наоѓаат во покраината Синд во Пакистан, и во Куч, Гуџарат во Индија.

Географска распространетост[уреди]

Синдскиот се зборува во Синд и Белуџистан во Пакистан. Како прв јазик се изучува во Синд. Како втор јазик се користи низ училиштата во Карачи и Белуџистан. Карачи е најголем синдски град, со околу 3-4 милиони Синди.

Покрај Пакистан, синдскиот се зборува и во Индија, особено во државите Раџастан, Гуџарат и Махараштра. Јазикот исто така се зборува и во Уласнагар и Мумбај, каде се наоѓа најголемата синдска енклава во Индија.[3]

Фонологија[уреди]

Согласки
лабијални забно-алвеоларни ретрофлексни палатоалвеоларни
/ палатални
веларни глотални
носни m
n
ɳ
ɳʱ
ɲ ŋ
експлозивни и
африкати
p
b

t̪ʰ

d̪ʱ
ʈ
ʈʰ
ɖ
ɖʱ
t̠ɕ
t̠ɕʰ
d̠ʑ
d̠ʑʱ
k
ɡ
ɡʱ
имплозивни ɓ ɗ    ʄ ~ ɠ
фрикативни f   s z ʂ x ɣ h  
ротички r ɽ
ɽʱ
апроксимантни ʋ
l̪ʱ
j
Самогласки
Самогласките во синдскиот јазик.

Писмо[уреди]

Арапско писмо за синдскиот јазик[уреди]

جھ ڄ ج پ ث ٺ ٽ ٿ ت ڀ ٻ ب ا
ɟʱ ʄ ɟ p s t̪ʰ t ɓ b *
ڙ ر ذ ڍ ڊ ڏ ڌ د خ ح ڇ چ ڃ
ɽ r ð ɖʱ ɖ ɗ d x ħ c ɲ
ق ڦ ف غ ع ظ ط ض ص ش س ز ڙھ
k f ɣ ʐ ʈ z ʂ ʃ s z ɽʱ
ي ه و ڻ ن م ل ڱ گھ ڳ گ ک ڪ
* h * ɳ n m l ŋ ɡʱ ɠ ɡ k

Деванагари за синдскиот јазик[уреди]

ə a ɪ i ʊ e ɛ o ɔ
ख़ ग़
k x ɡ ɠ ɣ ɡʱ ŋ
ज़
c ɟ ʄ z ɟʱ ɲ
ड़ ढ़
ʈ ʈʰ ɖ ɗ ɽ ɖʱ ɽʱ ɳ
t d n
फ़ ॿ
p f b ɓ m
j r l ʋ
ʃ ʂ s h

Поврзано[уреди]

Портал „Јазик

Наводи[уреди]

  1. Nationalencyklopedin "Världens 100 största språk 2007" The World's 100 Largest Languages in 2007
  2. „Script“. Sindhilanguage.com. https://www.ethnologue.com/language/snd. 
  3. The Sindhu World

Извори[уреди]

Надворешни врски[уреди]