Мумбај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бомбај

Мумбај (маратски: मुंबई), порано: Бомбај) — главен град на сојузната држава Махараштра во Индија и финансиски центар на Индија. Со население од приближно тринаесет милиони жители, е најнаселен град во Индија и втор најнаселен град во светот. Заедно со предградијата Нави Мумбај и Тхане, има деветнаесет милиони жители, со што го добива епитетот петта најнаселена област во светот. Мумбај лежи на западниот брег на Индија и има природно пристаниште. Пристаништето во Мумбај има капацитет со кој успешно работи и претставува половина од поморскиот транспорт во Индија.

Мумбај е комерцијален и забавен центар на Индија, каде што се остварува 5% од ГДП на Индија и 25% од индустиското производство, 40% поморски транспорт, 70% капитални трансакции. Мумбај е еден од десетте најголеми центри на глобалната економија, дом на важни финансиски институции како што е Резервната Банка на Индија, Индиската Берза и седишта на престижни Индиски коорпорации. Мумбај е и дом на Индискиот Хинди Филм и индустрија, кои се познати како Боливуд. Самиот град и можностите кои ги нуди, се привлечни за мигрантите од цела Индија, што му дава на градот една шарена етничка слика.

Поврзано[уреди | уреди извор]