Александар Балабанов

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Александар Балабанов
бугарски научник и критичар
Роден 18 јануари 1879
Штип, денес Република Македония
Починал 30 ноември 1955
Софија, Бугарија


Александар Балабанов е роден во Штип. Во бугарската општественост познат е како врвен литерат, преведувач и критичар. Долги години бил професор на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ и член на Македонскиот научен институт. Исполнувал важни мисии кои му биле доверувани од ВМРО.

Александар Балабанов завршил класична филологија во 1904 година во Лајпциг и Ерланген, Германија. Во 1904-1912 работел како учител по класични jазици во Прва машка гимназиjа во Софија. Во 1921 година е основач на Катедрата за класична филологија на Софискиот универзитет.

Балабанов ги објавил книгите "Еволуција на мотивите во грчката поезија" (1911), "Историја на класичната литература" (1914, 1917, 1931), "Љубов и поезија" (1939).

Покрај научната дејност Балабанов се занимавал со журналистика и бил редактор на списаниjата "Художник" ("Уметник", 1905-1906) и "Прометеj" (1937-1943), на весниците "Време" (1908-1909) и "Развигор" (1921-1937).

[уреди] Извори

  • Енциклопедия "България", т. 1, София 1978, с. 174
  • Балабанов, Александър. И аз на тоя свят, София 1979


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици