Бунтот Ника

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на хиподромот и палатата во центарот на Константинопол

Бунтот Ника (грчки: Νίκα = Победа) се случил во Константинопол во јануари 532. година, во времето на Јустинијан I. Бунтот траел една недела, и во тој период бил запален речиси половина од градот, а загинале десетици илјади луѓе. Во текот на бунтот е уништена и втората црква Света Софија.

Бунтот започнал на 13. јануари 532. на хиподромот, како тепачка помеѓу двете навивачки групи на натпревар во трки со двоколки - Зелените и Сините, помеѓу кои постоело долготрајно ривалство. Но, набрзо тепачката прераснала во бунт против власта на Јустинијан, високите даноци и незадоволството на аристократијата. Бунтовниците извикувале „Ника!“ (победа) и оттаму е името на бунтот.

Јустинијан, кој го следел натпреварот од ложата во својата палата, практично цела недела останал опсаден таму. Во меѓувреме, низ градот се случувале пљачки, палежи и убиства. Тие потоа прогласиле и нов император, Хипатиус, кој бил внук на претходниот император Анастасиј II. Според преданијата, Јустинијан сакал да побегне од градот, но во тоа го спречила сопругата Теодора.[1] На крајот, бунтот бил задушен со поткупување на дел од бунтовниците, после што дел се повлекле, а останатите биле убиени. Исто така, Хипатиус и аристократите кои го поддржувале бунтот биле погубени. Се смета дека вкупно загинале 30.000 луѓе.[2]

Наводи[уреди]

  1. Diehl, Charles. Theodora, Empress of Byzantium (© 1972 by Frederick Ungar Publishing, Inc., transl. by S.R. Rosenbaum from the original French Theodora, Imperatice de Byzance), p.87.
  2. Оваа бројка ја дава Прокопиј, „Војни“ (Средновековен интернет изворник)