Шонда Рајмс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шонда Рајмс
Shonda Rhimes
Роден 13 јануари 1970
Чикаго, Илиноис, САД
Познат По креирањето на хит серијата Вовед во анатомија и нејзиното продолжение Приватна пракса
Занимање продуцент, сценарист и режисер.


Шонда Рајмс (англиски: Shonda Rhimes) е сценарист, режисер и продуцент. Таа е најдобро позната по тоа дека е креаторот и еден од извршните продуценти на хит серијата Вовед во анатомија и нејзиниот спин-оф Приватна пракса. Во мај 2007, таа беше именувана како една од Time 100 луѓе кои помогнаа да се обликува светот.[1]

Вовед во анатомија[уреди]

Шонда Рајмс е креатор и извршен продуцент на хит серијата Вовед во анатомија како и сценарист покрај големиот број на сценаристи. Серијата се работи за животот на младата стажистка Мередит Греј (Елен Помпео) која е протагонистот на серијата. Серијата има доста голем актерски тим меѓу кои останатите стажисти со кои Мередит работи, нивната менторка, шефот на хирургија Ричард Вебер (Џејмс Пикенс Џуниор) кој има бурно минато со нејзината мајка, неврохирургот Дерек Шепард (Патрик Демпси) љубовниот интерес на Мередит и кардиоторакалниот хирург Престон Бурк (Исаија Вашингтон). Подоцна на актерската екипа и се придружува мистериозната жена на Дерек Шепард, Адисон Монтгомери (Кејт Волш), вечната ривалка на Престон Ерика Хан (Брук Смит), преатрактивниот пластичен хирург Марк Слоун (Ерик Дејн), несигурната ортопетка Кели Торес (Сара Рамирез) и полу-сестрата на Мередит Лекси Греј (Чајлер Леигј).

Шонда има изјавено дека ликот на Мередит највеќе наликува на неа и тоа е причината зошто го креирала. Откако првпат се појавува оваа серија на телевизија прифатена е со голема гледаност и телевизијата решава да ја продолжи да ја емитува сè додека серијата не стане една од најпознатите и ја направат редовна со се повеќе сезони. Досега се завршени цели четри сезони во кои се запознавме со ликовите четри од петте стажисти станаа ментори а останатите се бореа да одржат баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот. Во четвртата сезона Исаија поради некои караници со колегите ја напушта серијата а ликот на Кејт достигнува голема популарност со што достигнува да стане главен лик на нова серија исто така создадена од Шонда. Од септември оваа година започна емитувањето на петтата сезона.

Приватна пракса[уреди]

Приватна пракса е серија исто така создадена од Шонда Рајмс. Во Вовед во анатомија главен лик е Мередит Греј таа се вљубува во Дерек Шепард сè додека не се појави жената на Дерек Адисон која тој ја фатил како го изневерува со неговиот најдобар пријател и ја оставил. Таа решава да му се врати на Дерек и останува во Сиетл. Марк човекот со кој го изневерила Дерек се враќа во Сиетл и ја обновува врската со Адисон. Но покрај се Адисон минува низ се и сешто и се и доаѓа преку глава сè додека не реши да оди во Лос Анџелес и да започне ново поглавје во нејзиниот живот. Адисон едноставно си оди од Вовед во анатомија сè додека Шонда не реши всушност да го покаже животот на Адисон во Лос Анџелес и ја создава серијата Приватна пракса, која се работи за Адисон и нејзините пријатели од факултет и таму го запознава мажот на нејзиниот живот. Оваа серија се покажа добро не толку добро како Вовед во анатомија но доволно добро да издржи да се емитува. Нејзината прва сезона е прекината поради штрајкот на сценаристите а втората сезона започна на први октомври оваа година.


Грешка во наводот: Статијата има ознаки <ref>, но не ја најдов потребната ознака {{наводи}} (или <references/>).