Елен Помпео

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Елен Помпео
Ellen Pompeo LF.JPG
Елен Помпео
Роден(а) 10 ноември 1969
Еверет, Масачусетс
Занимање Актерка
Активност 1982 - денес
Сопруг(а/и) Кристофер Ајвери (9 ноември, 2007-денес)

Елен Помпео (англиски: Ellen Pompeo) (родена 10 ноември, 1969) е американска актерка. Досега неколку пати е номинирана за Златен глобус награда, а е добитничка на неколку SAGA награди. Елен највеќе е позната по нејзината улога како несигурната стажистка Мередит Греј во медицинската драма на АВС, Вовед во анатомија.

Биографија[уреди]

Ран живот[уреди]

Помпео е родена во Еверет, Масачусетс, ќерка на Јосиф, обичен продавач и Кетлин Помпео, домаќинка.[1] Помпео е од ирско и италјанско потекло и е израсната и воспитувана како католик.[2][3] Нејзиниот дедо е роден во Геусалдо, село во Италија.[се бара извор] Мајка и умрела кога Елен имала само 4 години, но татко и се премажил брзо по смрта на мајка ѝ.

Повеќе од две години, таа послужувала коктели во Мајами каде го запознава тогашното момче, модниот фотограф Ендру Розентал. Во 1996, таа работела како бармен во SoHo Bar & Grill во Њу Јорк, Upper West Side кога еден агент и понудил да се појавува во некои реклами. По оваа понуда, таа почнува да се појавува во реклами за Citibank и L'Oreal. Кариерата како глумица таа ја започнува со мали улоги во серии како Закон и ред и некои филмови.

Кариера[уреди]

Одлучна да успее во глумата, Помпео се преселува во Лос Анџелес во 2001. Сосема ненајдено во 2002 режисерот Бред Силберлинг и нуди улога во неговиот филм Moonlight Mile како љубовниот интерес на ликот на Џејк Џиленхол. По оваа улога таа добива понуда да се појавува во филмот Daredevil во улогата на секретарката на Мет Мурдок (Бен Афлек) Карен Пејџ, но поголемиот дел од нејзините сцени биле избришани поради нејасни причини. Во 2002 и 2003, Помпео се појавува во филмовите Фати ме ако можеш и Старата гарда. Како гостин улога се има појавено во две епизоди од Закон и Ред и во една епизода од Пријатели. Таа ја играше улогата на бившата девојка на ликот на Џим Кери, Наоми, во 2004 во филмот Eternal Sunshine of the Spotless Mind. Иако нејзините сцени беа избришани од филмот, таа изјави дека се чувствува доста благодарна бидејќи режисерот Мајкл Гондри ја избрал токму неа да се појавува во филмот.[4]

Првата вистинска улога на Помпео е во медицинската драма на ABC Вовед во анатомија, како Мередит Греј, хируршки стажист во една престижна болница. Како што растела популарноста на серијата така и популарноста на Помпео. Моментално серијата е во својата шеста сезона и е една од најгледаните серии во светот со огромен број на гледачи и обожаватели. Поради сета популарност и гледаност на серијата кариерата на Помпео доживува вистински пресврт. Затоа во 2007, Помепо беше номинирана за Златен глобус за најдобра глумица во драмска серија, а истата година потпиша и договор со продуцентите на Вовед во Анатомија за зголемување на нејзината плата. Со овој договор нејзината плата изнесува $200,000 за една епизода. Таа има потпишано договор за цели седум сезони.[5]

На 13 октомври, 2007, Помпео беше наградена од страна на National Italian American Foundation за нејзиниот успех во забавната индустрија на гала вечер во Вашингтон[6]

Приватен живот[уреди]

Помпео се омажи за музичкиот продуцент Крис Ајвери на 9 ноември, 2007 во Manhattan Marriage Bureau, со градоначалникот Мајкл Блумберг како нивни сведок.[7] Тие се запознаваат во 2003 кога нивни заеднички пријатели ги запознале и започнуваат врска шест месеци подоцна. Тие подоцна откриваат дека пораснале во Бостон со само 10 милји раздалеченост.[8] Тие моментално живеаат во Лос Анџелес. На 15 септември 2009 година е родено и првото дете на двојката, Стела Луна Помпео Ајвери.

Филмографија[уреди]

Филм[уреди]

Година Филм Улога Белешки
1999 8 ½ x 11 Жена од оделот за човечки ресурси (краток филм)
Coming Soon Вознемирена девојка
2000 Eventual Wife Бет (краток филм)
In the Weeds Марта
2002 Moonlight Mile Берти Кнокс
Фати ме ако можеш Марси
2003 Старата гарда Никол
Daredevil Карен Пејџ
Undermind Флин
2004 Nobody's Perfect Вероника (краток филм)
Art Heist Сандра Вокер
Eternal Sunshine of the Spotless Mind Наоми (сцените се избришани)
2005 Life of the Party Фиби Илгајн

Телевизија[уреди]

Година Серија/филм Улога Епизода
1996 Закон и ред Џина Вебер Savior
1999 Strangers With Candy Лизи Абрамс Feather in the Storm
2000 Закон и ред Лора Кендрик Fools for Love
Get Real Нина Ејдлер History Lessons
2001 The Job Сју Anger
Strong Medicine Куиниси Дјунеи Wednesday Night Fever
2004 Пријатели Миси Голдберг The One Where the Stripper Cries
2005 - се уште Вовед во анатомија Мередит Греј Сите

Референции[уреди]

Надворешни врски[уреди]