Мередит Греј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Д-р Мередит Греј
Dr. Meredith Grey
лик од 'Вовед во анатомија'
Елен Помпео како Д-р Мередит Греј
Прво појавувањеНоќ по тешкиот ден
СоздавачШонда Рајмс
ТолкуваЕлен Помпео
Информации
АлијасМер
Дет
ЗвањеДоктор по медицина
ЗанимањеХируршки специјализант во Сител Грејс
Врски и односи
РомансиДерек Шепард (партнер)
Фин Дендриџ (поранешно момче)
Џорџ О‘Мали (врска за една ноќ)
РодителиТачер Греј (татко)
Елис Греј (мајка; почината)
Сузан Греј (маќеа; почината)
Браќа и сестриЛекси Греј (полусестра по таткова линија)
Моли Греј Томпсон (полусестра по таткова линија)
РодниниЛора Греј Томпсон (полувнука)
Ерик Томпсон (зет)

Мередит Греј (англиски: Meredith Grey) е измислен лик од телевизиската серија на ABC, Вовед во анатомија. Ликот е толкуван од глумицата Елен Помпео, а создаден е од Шонда Рајмс, која вели дека Мередит е ликот што најмногу приликува на нејзе. Мередит Греј е протагонистот во серијата, а воедно и главниот раскажувач. Елен Помпео беше номинирана за најдобра изведба за глумица за телевизиски серии - драми на 64 доделување Златен глобус.

Позадина[уреди | уреди извор]

Мередит Греј е единственото дете на Елис Греј и Тачер Греј. Раниот период од нејзиното детство таа го поминува во Сиетл, Вашингтон, токму кога нејзината мајка го завршувала хируршкото стажанство во Сиетл Грејс. Нејзините родители имале многу проблеми во бракот поради кариерата на Елис и нејзината афера со д-р. Ричард Вебер. Најпосле Тачер го напушта семејството кога Мередит имала само 5 години. Набргу по разводот со Тачер и раскинувањето со Ричард, Елис ја прифаќа можноста да оди во Бостон Генерал, и се преселува во Масачусетс со Мередит. Со ова Тачер целосно го губи контактот со ќерка му.

Во тинејџерските години и подоцна Мередит била многу неодговорна и бунтовна, таа останувала до доцна на забави, многу пиела, се облекувала во црно, била повлечена во себе и многу чудна. Мајка ѝ од друга страна пак била одговорна, интелигентна и многу дисциплинирана жена со извонредна докторска кариера. Поради мајка ѝ и некои други работи што се случувале тогаш во нејзиниот живот, Мередит решава целосно да се промени и станува посредена и поодговорна. Со ова таа решава да се запише во медицинското училиште Дармоут и се здобива со диплома Доктор по медицина. Таа сакала да биде како мајка ѝ, успешна и одговорна и запишувањето на медицински факултет и го дава токму тоа. Но за жал кога Мередит требала да заврши факултет мајка ѝ добива дијагноза Алцајмер.

Мередит измачена од животот со напори го завршува факултетот и ја праќа мајка ѝ на рехалибитација, а таа оди да живее во нивната стара куќа во Сиетл и започнува да стажира во Сиетл Грејс полна со надежи дека животот ќе и се среди.

Краток преглед[уреди | уреди извор]

Мередит Греј е талентиран хирург со чувства кон пациентите и со посветеност кон пријателите. Нејзиниот пријател и колега Д-р. Џорџ О’Мали еднаш ја има опишано како: „многу себична, но со добра душа“. Мередит често е опишувана од различни ликови па и од самата себе како „таинствена (скриена во самата себе) и доста изопачена“, „тажна“, „без љубов" и „бедна“. Во втората сезона, Мередит открива дека имала розова коса во средно училиште, се облекувала во мрачна црна облека и и се гадело од матурски вечери и други свечености. Таа исто така има речено дека била многу незрела, останувала до наутро на некој забави и се забавувала преку граница. Одговорноста која ја имала мајка и ја убедила Мередит дека мора да се измени што значи да стане позрела и да заземе контрола на својот живот. Иако нејзиното минато не и дозволува да се врзува премногу за врските, се покажува како природно паметна, интересна, со смисла за хумор, дарежлива, чувствителна, и многу добра пријателка.

Историја на ликот[уреди | уреди извор]

Прва сезона[уреди | уреди извор]

Најважни работи во оваа сезона за Мередит:Почетокот на нејзината врска со Дерек и тајните поврзани со мајка и.

Мередит ја започнува својата медицинска кариера со тоа што си обезбедува позиција во стажанската програма на Сиетл Грејс болницата. Со ова таа се преселува од Бостон во Сиетл во една стара куќа која им припаѓала на мајка и и баба и за да може да работи во Сиетл. Ноќта пред да започне нејзиното стажанство, таа го запознава Дерек Шепард и ја поминува ноќта со него. Како и да е, следниот ден Мередит открива дека тој е всушност главниот неврохирург во Сиетл Грејс. На почетокот Дерек ја „брка“ Мередит бидејќи таа одбива да излезат на состанок велејќи дека таа сака нивната врска да е чисто професионална. На крај Мередит решава да излезе со Дерек иако работат заедно. По неколку состаноци се вљубуваат и му се враќаат на редовниот секс.

Ричард веднаш ја препознава Мередит бидејќи била иста како мајка и. Мередит крие од сите дека нејзината мајка е сместена во дом бидејќи боледува од Алцајмер. Ги убедува сите дека моментално Елис се одмара од животот и шета низ светот пишувајќи книга. Работата на Мередит и оди одлично. Нејзиниот ментор Д-р Миранда Бејли една ноќ кога Изи приредува забава ги наоѓа Дерек и Мередит како водат љубов во кола. Бејли се однесува како да не ја засега тоа но сепак му одржува една мала лекција на Дерек. Подоцна ја уценува Мередит дека треба да ја прекине врската со Дерек бидејќи тоа влијае на сите и го нарушува балансот. Токму пред крајот на сезоната Ричард лежи во операционата сала опоравајќи се од операцијата и од прозорецот ги гледа Мередит и Дерек како се бакнуваат. Мередит влегува да го посети Ричард а тој само и возвраќа дека ако мајка и била таму во моментот ќе и кажела на Мередит дека прави грешка во животот а Мередит среќно му возвраќа дека ако мајка и и го кажела тоа таа ќе и кажела дека не е во право. Мередит го потврдува ова незнаејќи дека Ричард зборува за скриената тајна на Дерек - Адисон.

Што се однесува до куќата на Мередит таа ја задржува но ги зема за цимери Џорџ и Изи. Иако тие двајца живеаат кај нејзе, таа највеќе се спријателува со Кристина Јанг. Иако на почетокот имаат мал конфликт кога Кристина ја навредува на Мередит дека учествува на операциите бидејќи спие со Дерек подоцна и се извинува и нивното пријателство се потврдува. Мередит се кара и со Алекс Карев кој ја нарекува медицинска сестра и постојано настојува да ја провоцира. Џорџ се вљубува во Мередит но таа е единствената што не го забележува ова. По сите конфликти таа се спријателува со Изи, Џорџ дури и со Алекс и се разбира со Кристина.

На крајот конечно завршува со Дерек и се договараат да преминат на посериозна врска, но за жал нивната врска завршува кога на крајот од сезоната жената на Дерек, Адисон Монтгомери Шепард се појавува во Сиетл со желба да го врати Дерек. Мередит шокирана ја гледа Адисон и пополека епизодата завршува. Овој настан го одбележува крајот на првата сезона.

Втора сезона[уреди | уреди извор]

Најважни работи во оваа сезона за Мередит:Раскинувањето со Дерек заради откривањето дека тој е женет со новиот лик и хирург Адисон Монтгомери, проблемите со Џорџ по ноќта помината со него, врската со ветринарот Фин, кучето Док, откривањето на бурното минато на Елис и Ричард, средбата на Мередит со татко и по 20 години и откривањето дека тој има жена и две ќерки.

Првата сезона завршува шокантно за Мередит. Таа дознава дека Дерек има жена за која не и кажал. Мередит е потиштена и тажна и се однесува лошо и запоставено кон другите. Се дознава дека Ричард ја викнал Адисон да му помогне во некоја операција незнаејќи дека тоа ќе предизвика судир помеѓу Дерек и Адисон.

Адисон се однесува како да е дојдена само за работа бидејќи Ричард ја викнал. Но уште кога почнува да работи на случајот таа ја повикува Мередит да и асистира. Во првите неколку епизоди во оваа сезона, Дерек и Мередит се во кавги и Дерек иако и објаснува дека Адисон го изневерила со неговиот најдобар пријател Марк и дека тој повеќе не ја сака, Мередит мисли дека тоа не е доволно и го откачува. Адисон останува некое време во болницата и му признава на Дерек дека тоа време ќе го искористи за да тој и се врати. Но откако гледа дека тој е незаинтересиран таа му ги покажува документите за развод и му вели дека ако ги потпише ќе се качи на првиот авион за Њујорк и засекогаш ќе си замине од неговиот живот но дека сепак го замолува да размисли дека иако е „валкана кучка која изневерува“ можеби сѐ уште е љубовта на неговиот живот. Оваа го доведува Дерек до несигурност. Иако Адисон е жена на Дерек, Мередит се однесува како Адисон е добра жена а истото го прави и Адисон што дури и ја подучува Мередит некои работи за хирургијата. Кога Мередит дознава дека Дерек не ги потпишал документите а ја лаже дека ги потпишал таа му раскинува. Мередит подоцна решава да му даде уште една шанса но овојпат мора да одлучи или Мередит или Адисон. Оваа случка требало да ја заклучи првата сезона но поради некои одлуки на телевизијата оваа епизода останува во втората сезона.

За време на ова тајната на Мередит се открива. Елис Греј е примена во болницата и сите дознаваат дека таа е болна. Ричард е шокиран кога дознава за Елис а и Мередит кога дознава за врската помеѓу Елис и Ричард. Елис мисли дека Џорџ е Тачер Греј и цело време му се дере. Откако Елис е отпуштена од болницата сите знаат за неа и Мередит повеќе не се крие.

Дерек на крајот се одлучува за Адисон, но длабоко во себе знае дека сѐ уште ја сака Мередит. Мередит е многу повредена и тргнува по нови авантури. Таа запознава момчиња за една ноќ и секоја ноќ спие со различен поради болката нанесена од Дерек. Откако Дерек ќе открие за ова Мередит решава да престане. Кога добива слободен ден на работа оди да ја посети мајка и но таму го сретнува Дерек и тој ја убедува да ја прати мајка и на специјална програма за луѓе болни од Алцајмер.

Мередит од тага купува куче кое многу го сака и го крстува Док. Но Изи и Џорџ неможат да го поднесат и Мередит мора да го даде некому. По многу размислувања го дава на Дерек и Адисон. Тие почнуваат да се грижат за него но сепак Мередит е љубоморна.

Поминува време откако Дерек и е вратен на Адисон и Мередит е се по повредена. Изи решава да го ризикува пријателството со Мередит и почнува да работи на некои случаии со Адисон. Кога гледа дека Мередит не и се лути продолжува со работа. Но откако Изи и Алекс ќе раскинат, Мередит почнува да се дружи со Алекс и да му помага доста околу тестот. Но една ноќ Адисон и одржува болна лекција на Изи и Изи повеќе не зборува со Адисон и таа истата ноќ Изи дознава за Алекс и тестот и Изи и Мередит остануваат пријателки.

Истоштена од се оди да го посети својот татко по дваесет години. Му ѕвони на врата и го прашува зошто ја напуштил а тој само и возвраќа „Мередит ти треба нешто или само така дојде“. Таа почнува да бега и си оди во нејзината куќа каде Џорџ конечно собира храброст да и признае дека ја сака и тие двајца ја поминуваат ноќта заедно. Мередит е шокирана од се и Џорџ не зборува со нејзе бидејќи таа сред сексот почнува да плаче и тој ја остава. Во меѓувреме Мередит и Дерек започнуваат платонско пријателство и почнуваат да се гледаат.

Тие редовно се гледаат и го шетаат Док. Дерек доаѓа со ваква идеја за да Мередит може да го гледа Док. Таа му кажува на Дерек дека направила нешто лошо нешто што не може да му го каже мислејќи на сексот со Џорџ. Сите во болницата се чудат што се случува со Мередит и Џорџ и едвај Изи, Кристина и Алекс дознаваат за нив. За време на една караница помеѓу Џорџ и Мередит, Џорџ паѓа по склаи и ја крши раката. За да ја стави во гипс мора да оди кај ортопед а тој ортопед е Кели Торес. Џорџ започнува врска со Кели, а како резултат Изи и Мередит стануваат љубоморни на неа. Оваа љубомора се зголемува кога Џорџ се отселува од куќата на Мередит и почнува да живее со Бурк и Кристина. Мередит и Џорџ продолжуваат да не зборат.

Иако изјавува дека се откажува од мажите и дека се посветува на плетењето кога Дерек ја замолува да отиде на ветринар еднаш наместо него бидејќи тоа е и нејзино куче таа оди и го запознава Д-р Фин Дандриџ, ветринарот на Док. Мередит се запознава со Фин и дознава дека неговата жена умрела во сообраќајна несреќа и дека е чесен и добар човек, но му вели дека не е подготвена за вистинска врска. Кога ситуацијата на Док се влошува Мередит поминува сè повеќе време со Фин, а во меѓувреме го продолжува своето платонско пријателство со Дерек.

Еден ден во болницата е примена млада девојка по име Моли Греј Томпсон. Таа е всушност ќерка на Тачер Греј и неговата нова жена Сузан Греј. Таа има 22 години и е примена во болницата бидејќи имала проблеми со бебето. Таа била долгогодишен пациент во Мерси Вест но поради некои одредени работи и поради познатат Адисон доаѓа во Сиетл Грејс. Адисон ја оперира и потоа ја пораѓа со женско девојче. Бидејќи Моли не ја познава Мередит, Мередит скришно влегува во нејзината соба и се распрашува и Моли и одговара. Таа и кажува дека татко и Тачер Греј ја сака многу заедно со другата ќерка Лекси Греј со која Тачер се гордее бидејќи таа моментално студира да стане докторка. Мередит е толку повредена што само климнува со главата. Моли и кажува дека таа му понудила брак на Ерик нејзиниот свршеник пред тој да биде стациониран во Ирак. Мередит ја напушта собата и почнува да плаче таа е повредена бидејќи и е криво зошто Тачер толку ги сака своите ќерки а ја напуштил Мередит. Иако е скарана со Џорџ, тој ја спасува од Тачер кој сака да зборува со неа. Но не ја спасува и од Сузан, Сузан и се приближува и и кажува дека не и пречи и дека ја прифаќа како своја ќерка знаејќи дека таа не е крива за Елис.

Мередит подоцна решава да излезе со Фин но на нивниот прв состанок наместо романтична вечера тие пораѓаат коњ. Мередит е воодушевена од Фин и решава да му даде шанса. На враќање Мередит е мокра поради дождот и Фин и нуди да се преоблече кај него и и ветува дека нема да се обиде да спие со нејзе. Мередит прифаќа но на нејзино изненадување додека таа се симнува од скалите во кошула на Фин додека нејзините алишта се сушат влегува Дерек со Док во рацете и ја гледа Мередит. По ова нивното платонско пријателство завршува засекогаш бидејќи Дерек од нервоза ја навредува дека е проститутка.

Ситуацијата на Док се влошува и Мередит бара помош од Кели. Но Кели и се развикува и и вели дека не и е грижа за нејзиното куче. Но откако Кели зборува со Џорџ и помага на Мередит и Мередит конечно ја прифаќа како личност.

За време на инцидентот со Дени Мередит и Џорџ се смируваат. Џорџ и се извинува на Мередит бидејќи признава дека бил лош затоа што тој не се грижел за нејзините чувства туку само за тоа да спие со неа. Мередит му простува и остануваат пријатели.

Бидејќи Кели и кажува дека кучето нема шанси да преживее и дека е најдобро да го успие таа решава да го успие. Мередит, Дерек и Адисон се повикани на успивање на кучето од страна на Фин, Фин го успива кучето и Мередит почнува да плаче но не и Адисон и Дерек кои се однесуваат како да не се грижат што се случува. Мередит оди на матурската вечер со Фин како партнер каде тој и признава дека има планови за неа и него. Но тајно Мередит почнува да се кара со Дерек но таа караница завршува со секс. Сезоната завршува како Мередит стои помеѓу Фин и Дерек и треба да се одлучи кој ќе го одбере.

Трета сезона[уреди | уреди извор]

Четврта сезона[уреди | уреди извор]

Петта сезона[уреди | уреди извор]